Наши ѕвезди

Џаро го прослави вториот роденден: На голем празник преживеал тежок здравствен проблем

На големиот христијански празник имаше и голема причина за славење.

Advertisement

Познатиот македонски менаџер Велибор Џаровски – Џаро го прослави својот втор роденден.

Еден од најдобрите и најпознатите менаџери во Југославија имаше можност да соработува со најголемите музички имиња – Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевич, Бјело Дугме и многу други.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска

Секогаш отворено и искрено зборувал за својот турбулентен начин на живот и местенките кои ги направил во фудбалските натпревари.

Тој е вистински пример како човек може да се издигне од секоја лоша ситуација како Феникс, а него тоа му успевало многу пати.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска

На големиот христијански празник Свети Димитрија, Џаро се соочил со голем здравствен проблем и дури и во таа битка извојувал победа.

Брзиот начин на живот, цигарите, напорната работа и немањето време за добар сон го довело до мозочен удар кој се случил токму на Митровден.

ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска

Во тој животен бродолом го спасил докторот Јовица Угруновски.

Оттогаш Џаро на овој празник го слави својот втор роденден.

ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска

Неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска сподели фотографија од нивната мала прослава на овој ден.

„Среќен втор роденден Благоја. 24-ти ти е овој. Митровден 1999, успешно поминат бродолом“, напиша таа во описот на фотографијата.

ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска

ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска

ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска

ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска

ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button