Џамбо Агушев има причина за славење – испливаа досега невидени фотографии од „кралот на ромската музика“
Момчето со сини очи кое потекнува од Струмица го освои светот со неговата музика, а неговото срце го освои само една девојка.
Џамбо Агушев денеска слави роденден, а на неговиот Инстаграм профил осамнаа многу честитки од неговите пријатели.
Тој доби честитки од своите пријатели кои се насекаде низ светот и на различни јазици.
Инаку тој по потекло е од Струмица,а денес полни 32 години.
Џамбо е светски познат музичар кој настапува низ светот, а сега се појави и стара фотографија од еден концерт на кој Џамбо изгледа непрепознатливо.
Се работи за фотографија направена во 2014 година, но и фотографии од неговата свадба.
Симпатичниот и шармантен Џамбо Агушев со неверојатно убави светлосини очи и својата труба го „покори“ светот, но неговото срце го освои убавата Асена.
Таа е Турчинка која живеела во Германија каде се запознале на еден негов настап. Џамбо ја забележал во публика, му се допаднала, и ја поканил на состанок. Очигледно беше тоа голема љубов на прв поглед …
„Додека свирев ја видов во прв ред, убава и плава, играше, па почнав да ѝ намигнувам. После концертот ѝ побарав број и така тргна сè“, вели Џамбо.
Двајцата се во брак повеќе од една деценија и имаат три деца.
И покрај тоа што е мајка на три децаАсенаизгледа повеќе од совршено.,
Најмалата ќерка ја добија минатата година, а пресреќните родители убавата вест ја споделија на социјалните мрежи.
„Фала му на Бога, мојата ќерка Мелинам се роди. Добредојде во нашето семејство, моја убава ќерко!“ – напиша Џамбо на турски јазик на неговиот Фејсбук профил кога му се роди ќеркичката.
Тие двајцата не се појавуваат често во јавноста, но судејќи по објавите на Инстаграм, Асена многу брзо успеа да си ја врати линијата.
Џамбо Агушев и Оркестарот Агушеви важат за едни од најдобрите и најуспешните музичари во регионот.
Тие досега освоиле бројни музички награди и признанија низ целиот свет, а Џамбо пред неколку недели беше прогласен за „Крал на ромската музика“.
Но и покрај тоа што Џамбо е еден од најуспешните музичари во нашата земја, навистина малкумина знаат кое е неговото вистинско име. Исто така интересна е и приказната за тоа како го добил прекарот Џамбо.
Неговото вистинско име е Исеин, а прекарот го добил кога имал само 11 години, и тоа од Мустафов.
Оваа тајна ја откри Џамбо во видео интервјуто за „Репортер“. Имено тој тогаш сподели со јавноста дека познатиот македонски саксофонист Ферус Мустафов, кога прв пат го слушнал како свири, му кажал дека е брз како џамбо-џет.
Џамбо во едно интервју откри дека во својата колекција има 15 труби. Најскапа е онаа што специјално за него е направена во САД. Таа е од марката „бах страдивариус 43“, модел 6 и дизајнирана е по негови упатства. Инструментот го нема во производство и чини околу 4 илјади евра.
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев