Џамбазов раскажа случка од детството за која татко му го предупредил: „Нема да кажеш на мајка ти, така?“
Македонскиот актер и музичар раскажа случка од детството и ги воодушеви сите.

Игор со емотивна порака по повод годишнината од cмp-ттa на неговиот татко.
На 25 јануари пред две години почина легендарниот диригент и композитор маестро Александар Џамбазов.
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов
Џамбазов има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство, а добитник е на голем број стручни награди.
Автор е на голем број детски песни.
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов
Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје.
Денеска, неговиот син Игор, преку емотивна објава и раскажување на една интересна случка од детството, се потсети на својот татко.
„Две години без тебе стари. Ко два дена. Ама и како две столетија истовремено. Ти си мојот тато. Иако многу ретко те викав така. Уште од моите први улоги и снимања се договоривме дека ќе се викаме „колега”. Се сеќаваш? Ти и јас во нашиот тегет Фиат 1300, чекаме на црвено на семафорите кај „Рубин кармин”. На пешачкиот премин поминува една исклучително згодна жена. Ти ја измерка од глава до пети, ме погледна и ми рече: „А? Како теткава? Згодна е?”
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов
Веројатно сакаше да ја провериш мојата машкост, иако имав само седум-осум години. Јас, како од пушка одговорив: „Да”. Ти ми се насмеа и се издиша истовремено. Ја изгледавме теткицата се додека не се изгуби во толпата. Кога конечно тргнавме ми кажа: „Ова на мајка ти нема да и го кажеш, така?” А јас ти одговорив: “Е нема де, нели сме колеги”. И така станавме колеги. До крај. И засекогаш ќе останеш мојот омилен колега. Колега за сите времиња.
П.С. Тања и јас сме добри. Тераме. Тука сѐ е по старо. Писмените се срамат дека се писмени. Неписмените се трудат да бидат уште понеписмени. И уживаат во тоа. Сѐ на сѐ стари, ништо не си пропуштил…“, напиша Игор.
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов