Новости

Ѝ биле дадени само 3 недели живот: Млада мајка починала од рак по раѓањето на своето бебе

Advertisement

39-годишна мајка од Австралија починала по исцрпувачка битка со рак на дојка.
Карин Лав, од Бризбејн, итно била пренесена во болница каде ја родила својата ќерка Били со итен царски рез во 29-та недела, во мај минатата година.

ФОТО: Принтскрин

Таа била на возраст од 37 години кога почувствувала болка во грбот, за која сметала дека е поврзана со нејзината бременост.

Еден час по породувањето ја дознала катастрофалната дијагноза.

Advertisement

За жал, дента кога ракот бил откриен, лекарите откриле дека тој веќе се проширил на нејзините коски, црниот дроб и очите и ѝ биле дадени уште 3 недели живот.

ФОТО: Принтскрин

Но таа одлучила да ѝ пркоси на болеста и живеела уште 19 месеци после откривањето на болеста. Веста за згаснувањето на животот на младата мајкa била објавена на нејзиниот Инстаграм профил, со натпис:

„Карин Луиз Лав. 1983 – 2022.

Насмевни се за мене, слободна сум. Ви благодарам на сите за љубивта и дибрината низ моето патување. Ќе ве паметам“.

ФОТО: Принтскрин

Пред повеќе од една година Карин на социјалните мрежи објавила дека се чувствува многу лошо и дека постои ризик да го изгуби бебето за време на бременоста.

Advertisement

Веднаш започнала со блокатори на хормони, дневна хемотерапија, долга листа на комплементарни лекови, холистички третмани, медитација и органска, алкална исхрана.

ФОТО: Принтскрин

Минатата година докторката по алтернативна медицина Камила Чаплин отвори страница GoFundMe за поддршка на Карин и досега се собрани повеќе од 202.000 долари.

На страницата GoFundMe пишува дека Карин им пркосела на дијагнозите, а нејзиното предвремено новороденче останало во болница два месеци.

ФОТО: Принтскрин

Кога Карин отиде на преглед кај онкологот, нејзиниот лекар беше импресиониран од нејзините резултати. Многу од нејзините тумори беа намалени. Нејзиниот црн дроб се враќаше во својата нормална големина и изглед”.

Во мај годинава Карин го прослави првиот роденден на Били и сподели фотографии на Инстаграм.

ФОТО: Принтскрин

„Каква чест е да го прославам роденденот на ќерка ми и една година од животот“, напиша таа.

„Љубовта беше моето тајно оружје. Љубовта што ја имам за ќерка ми. Љубовта што ја имам за сопствениот живот. Љубовта што ја имам за мојот рак”.
„Отсекогаш сум верувала дека треба да чувствуваш за да се излечиш и дефинитивно чувствував болка и тага, а исто така чувствував радост и чисто присуство. И тоа е нешто што сите го посакуваме. Да се биде присутен и да се живее живот полн со благодарност. Животот е подарок и јас го примам овој подарок со раширени раце”.

На 2 декември, Карин сподели емотивно видео од средбата со нејзината ќерка по враќањето во Австралија од Германија.

За жал, тоа беше последното видео што таа го сподели од нив заедно пред да почине на 12 декември.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button