„Ќе ја платам свадбата, но нема да присуствувам бидејќи таа сака нејзиниот биолошки татко – злоставувач да ја испрати до олтарот“
Приказната за еден човек кој на својата поќерка одлучи да ја исполни желбата за свадба од соништата овие денови го освојува интернетот.
Веникот „Индепендант“ во целост ја пренесува приказната на корисникот „justalurker_”, кој вели дека многу ја сака неговата поќерка и дека е пресреќен што и ја платил целата свадба, но целата ситуација му ооставила горчлив вкус во устата.
Сакам да и помогне да и се исполни сонот
„Со мојата поќерка сум откако таа има две години. Мојата сопруга се реазведе од порнашниот маж заради насилно однесување, па тој заврши во затвор. Откако тој ја одлежа казната ние со него немаме контакт. Мојата поќерка за еден месец сака да прави свадба на грчкиот остров Миконос. Таа неодамна изгуби многу пари и решив да и помогна и да ја платам целата свадба. Ја сакам и ништо не би ме направило да бидам посреќен отколку да ѝ го остварам сонот. ”
Ќе те сместиме некаде
Но, она што му се случи на корисникот justalurker_ не се случува ни во најлошите соништа: „Вчера мојата ќерка ми кажа дека сака нејзиниот биолошки татко да ја одведе до олтарот . Таа рече дека се променил и заслужила втора шанса и дека ќе се обиде да ме ‘постави’ на друго место. Ме заболе нејзината одлука . Се радував дека ќе ја спроведам до олтарот, а мојата сопруга мисли дека во овој случај не треба да ја плаќаме нејзината свадба. Таа исто така мисли дека не треба ни да присуствуваме на свадбата. Се согласувам со нејзиниот заклучок, но ако не платам, тогаш ни таа нема да ја има свадбата од соништата”.
Тажен епилог
Другите корисници на социјалните мрежи брзо му дадоа совети. Едни го советуваа дека треба да разговара со поќерката и да ѝ каже како се чувствува, додека други велат дека целата ситуација не вреди да биде фрустриран.
Тој напиша: “Како што предложија некои од вас, ќе платам за свадбата, но нема да присуствувам. Мислам дека мојата сопруга не сака да биде дел од таа церемонија и јас сакам да ја поддржам во нејзината одлука”.