Ќе се слави во семејството на најбараниот македонски пејач- Ѓоко Јовиќ ја објави радосната вест
„Оваа вест ќе ја објавам со гордост“ вака најпопуларниот македонски пејач ја соопшти веста дека ќе стане татко по четврти пат.
Eден од најдобрите машки вокали на македонската музичка сцена Ѓоко Јовиќ на Фејсбук ја објави убавата вест.
Имено во интервју за „ММС“ тој и неговата сопруга велат дека се пресреќни што нивното семејство се проширува.
Како што наведуваат и двајцата со нетрпение очекуваат да го дознаат полот на бебето, но за тоа ќе мора да почекаат бидејќи нивната најстара ќерка Теодора им подготвува изненадување и забава вечерва по повод откривање на полот на бебето.
-Утрово сопругата Ивана, ќерка ни Теодора и кумата заминаа заедно на лекарскиот преглед, кога и ни го соопштија полот на бебето. Но, по желба на Теодора,јас и Ивана не знаеме каков пол е, бидејќи таа вечерва подготвува специјална журка за нас, кога и ќе ни бидат соопштени убавите вести.
Теодора ги следи трендовите, па затоа розев или син балон ќе стават во црн балон, кој ќе го пукаат и во зависност од тоа каква боја е балонот, такво е бебето. Јас не можам да издржам до вечер, овие четири часа откако се вратија од лекар ми се катастрофа, горам од љубопитство, а не знам како Теодора, која има 13,5 години издржува да не се издаде, вели Ѓоко за „ММС“.
Тој признава дека немањето настапи и корона-пандемијата ја искористиле за уште едно бебе, но и дека и двајцата сакале уште едно дете, па така да ова бебе било планирано.
Ѓоко открива дека возбудени и пресреќни се и децата и едвај чекаат бебето да се роди.
Ивана е во четвртиот месец од бременоста, па бебето се очекува да пристигне во Октомври.
-Јас сум богат човек, децата се најголемото богатство. Уживаме кога сите сме дома заедно и секогаш ни е весело, многу пати досега рекол Ѓоко, кој за бракот со Ивана велат дека им е совршен.
Инаку Ѓоко и Ивана веќе имаат три деца, Теодора 13 ипол години, потоа е Михаил (11.5) и Јоан (4,5).
Пред да започне пандемијата Ковид 19 тој имаше со месеци однапред закажани настапи, а локалите во кои настапуваше без исполнети до последно место.
Ѓоко важи за пејач кој умее да направи незаборавна атмосфера на своите свирки, кои подоцна со денови е прераскажуваат.
Пејачот огромна популарност има стекнато и надвор од границите на Македонија. Дијаспората постојано го бара, Македонците кои живеат во земјите ширум светот уживаат во неговата музика.
И за време на пандемијата Ѓоко не мируваше, а доказ е и неговиот нов видеозапис за песната „Ѕвезда најсветла“.
„Песната е испеана и посветена за публиката, но да бидам искрен, и за мојата сопруга Ивана која секогаш ми е најголемата поддршка за сè што правам, и која ми е најголемата причина за среќа со тоа што ми подари три дечиња.
Објавена е во време на пандемија предизвикана од вирусот баш со цел да ги охрабри и развесели сите слушатели, и да испрати една порака дека музиката е вечна, дека ништо, па и една ваква пандемија не може и нема да ни го скрати задоволството да уживаме пак сите заедно. Јас на тоа искрено се надевам и посакувам да се случи во што побргу“ – вели Ѓоко за песната.