Македонската поп пејачка денеска има посебен повод за ставање, а честитики пристигнуваат од сите страни.
Убава шармантна и неодоливо слатката Антониа Гиговска денес има причина за славење, а многумина нејзини блиски пријатели и колеги и честитаа.
Имено таа денес полни 21 година и изгледа подобро од кога било досега.
Помеѓу оние кои честитаа беше и водителот од временска прогноза на „Сител“, Спасе, нејзиното момче Иван, но и многу други.
Таа е неколку години во врска со Иван Јованов, фронтменот на Либеро бенд, со кој и живее заедно.
Во интервју за „Хаштаг“ таа раскажа дека купиле елка, лампиони и многу украси и дека заедно го накитиле домот за новогодишните празници.
„Секогаш заедно правиме сè, од украсување, до уредување, детали и слично. Мислевме дека Боно ќе биде задолжен за елката и дека кога ќе дојдеме дома ќе ја нема, но за среќа згрешивме“ вели Антониа.
Младата и талентирана Антониа Гиговска е една од најпопуларните пејачки од својата генерација.
Благодарение на нејзиниот ангелски глас таа веднаш ја освои публиката и веќе ужива во својата популарност.
Иако толку млада, зад себе веќе има многу успеси.