Ќе се растопите- сопругата на Слаткар го покажа малиот Моша
За секоја мајка скапоцен е секој момент поминат со своето дете, и баш таквите моменти сè најубаво во животот.
Сања Николиќ која минатата година се оствари во улогата на мајка пред некое време ги сподели првите фотографии од Моша, а сподели и фотка од времето додека беше бремена, а сега покажа и како тие двајцата ги поминуваат деновите заедно.
Двајцата легнати, а Моша ја гали мама со рачињата и ја прегрнува, додека пак таа го фотографира од зад грб.
Сања и Слаткар кон средината на минатиот месец април го прославија првиот роденден на синчето Моша, а по тој повод Сања ги објави првите фотографии од породувањето и првата средба со својот наследник.


Двајцата се многу резервирани кога станува збор за објавување приватно фотографии, па затоа немавме многу можност да ја гледаме Сања бремена, но по повод роденденот на Моша таа направи исклучок.

Сања сподели фотографија од времето додека беше бремена, а Слаткар стои до неа и напиша:
„Ова сме ние. Април, 2020
Од кај ли да знаевме што ќе доживееме?!
Џабе кажувавте …“
На стори следеше уште една објава која е една од најемотивните и најубавите моменти за една мајка.

Имено Сања објави фотографија од неа во болница и Моша штотуку роден, а таа го бакнува во образот и го напиша времето и датумот на неговото раѓање.
Тие својот син го добија на 15. април 2020 година, а веста ја соопшти Слаткар. „Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте“ – напиша тој на неговиот Фејсбук профил во описот на фотографија од нивната свадба, каде ја бакнува небвестата Сања во чело.
Пред 20 дена Моша наполни една година, но поради пандемијата Сања немаше можност да направи голема забава, па на Инстаграм сподели неколку фотографии и напиша „забава за тројца“.

Инаку според објавите на Инстаграм, може да се забележи дека Марко е навистина романтичен сопруг.
За својата сакана Сања често пишува емотивни пораки на социјалните мрежи.
Тој беше и првиот што ја соопшти прекрасната вест. Иако долго криеја, сепак Марко одлучи со сојата публика да ја соопшти најубавата вест.
„Ќе бидам татко.
2020 ќе биде мојата најсреќна година.
Ви ги посакувам моите убавини.
Среќна Нова Година“, напиша Слаткар во опис на фотографијата на која Сања позираше во елегантно издание, а во преден план е нејзиното трудничко стомаче.


