Реклама
Наши ѕвезди

Ќе се изненадите од новиот свекор на македонската Пинк ѕвездичка – популарниот фолк-пејач е татко на нејзиното момче!

Реклама

Пејачката Антониа Гиговка веќе неколку месеци е во врска со Роберт Спасенцовски кој е дел од нејзиниот бенд.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Пејачката и музичарот деновиве ги изненадија сите кога за 22 роденден на Гиговска обзнани дека е бремена.

Гиговска објави неколку фотографии од ултразвукот со бебето на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, а го покажа и вереничкиот прстен со кој нејзиниот партнер ја запроси. Веста дека наскоро ќе се остварат во улога на родители ги изненади сите, посебно што пејачката пред помалку од четири месеци ја заврши долгогодишната врска со својот колега, пејачот од „Либеро бенд“ Иван Јованов.

Маркетинг

Интересно е и тоа што малкумина знаат дека идниот сопруг на Гиговска е син на познат фолк-пејач од Македонија.

Фото: Фејсбук/ Боби Спасенцовски

Имено, Роберт е син на македонскиот пејач Боби Спасенцовски кој исто така се огласи преку социјалните мрежи. Тој сподели фотографија од синот и неговата снаа, а под истата го остави следниот коментар:

Маркетинг

„Сите викаат снаа, јас си добив ќерка. Да сте ми среќни и вечни“, напиша Боби на својата профил на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/ Боби Спасенцовски
Фото: Фејсбук/ Боби Спасенцовски

Инаку веста дека Гиговска е бремена ја споделија речиси сите поголеми медиуми во регионот. Таа стана позната со нејзиното учество во „Пинк ѕвездички“, каде успеа да стигне до супер-финалето, а по учество во шоуто нејзиниот живот потполно се промени и нејзината слава почна да расте.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

„Пинк ѕвездички за мене беа големо искуство. Прво излегување на тава сцена, целата организација, стручното жири. Навистина за време на натпреварот научив многу работи и денес тие совети ми значат“, изјави своевремено Гиговска за ова популарно шоу со кое се прослави во регионот.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button