Ќе се изненадите кога ќе видите како изгледал шеф Марк во младоста – погледнете, во ова издание нема да го препознаете!
Веќе подолго време ги гледаме секој ден на малите екрани, а сега соопштија убава вест.
Шеф Марк и шеф Никола во друштво со убавата водителка Сања и многу натпреварувачи ќе снимаат и седна сезона на кулинарското шоу „Брза Кујна“.
На задоволство а сите гледачи ќе имаме можност да научиме уште многу интересни и брзи рецепти од врвните готвачи.
Двајцата готвачи, но и самата водителка се многу активни на социјалните мрежи, па објавија неколку фотографии од студиото и покажаа дека веќе почнале со снимање на новите емисии.
Она што е интересно е дека исплива фотографија од младоста и покажа како изгледал пред повеќе од 36 години.
Доста помлад, но истата шармантна насмевка на лицето.
Она што малкумина од вас можеби го знаат е тоа дека Марк има македонско потекло.
Во една прилика, Марк де Јонг истакна дека се вратил во Македонија за да го исполни аманетот на својата баба која го замолила да ја посети Македонија.
„Дојдов во Македонија зашто на баба ми и ветив дека еден ден ќе се вратам тука. Мајка ми остави овде дел од животот и не сака да се врати, татко ми, кој беше Белгиец, е починат, а јас мојата огромна љубов за Македонија им ја должам на моите баба и дедо. Благодарение на нив, израснав со приказните за Македонија и со мирисот на македонската храна. Баба ми Магда готвеше македонска храна и целата куќа мирисаше на лук, особено кога ми правеше летна манџа со пиперки и домати. Тој мирис е незаборавен за мене, исто како и вкусот кој моите непца сè уште го паметат. Токму тоа сакав да го почувствувам пак кога дојдов овде“ раскажа Марк и додаде:
„Го исполнив аманетот на баба ми, и не само што дојдов да ја посетам Македонија, туку имам намера и да останам овде. Ова го одлучив кога дојдов тука втор пат, тогаш заедно со син ми Мајкл со кој направивме мала турнеја низ Македонија, таа моја навистина чудесна земја. Ме маѓепса мене, а мислам дека нешто слично се случи и со мојот син, кој наскоро ќе ми се придружи. Тој тргна по моите стапки и со готвењето и ја засака оваа земја и животот во неа па во текот на овие три години доаѓа многу често. И тој, како и ќерка ми, се многу горди поради тоа што за кратко време станав препознатлив за луѓето кои постојано ми приоѓаат секаде каде што одам, на пазар, на улица, во ресторан“ …, раскажува Марк за Сител.