Реклама
Наши ѕвезди

Ќе се воодушевите и кога ќе слушнете зошто го немаше толку време – македонската Гранд ѕвезда повторно во центарот на вниманието

Реклама

Мите Стоилков кој го освои четвртото место во „Ѕвездите на Гранд“ ги израдува сите со својата нова песна.

Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков

Песната „Амајлија“ е нетов првенец за Гранд продукција, а Мите деновиве откри и зошто дури сега ја израдува публиката.

Имено за разлика од некои негови колеги од натпреварот тој по учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ долго време не објави ништо, па за тоа дали чувствува притисок што поминало толку време од шоуто, тој вели:

Маркетинг

Не чувствував притисок, само ми беше криво што не можев да објавам песна веднаш по натпреварот.

„Ми требаше малку повеќе време бидејќи доста работев на овој свој проект. Имав секако и помош од колегите и пријателите, и задоволен сум, но се обидував да биде минимално и среќен сум како се излезе“, открива шармантниот Мите во неговото последно интервју за порталот „Гранд.онлајн“.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков

Неговата песна е објавена на Jутјуб каналот на Гранд, а фановите се воодушевени што може да се види и од коментарите.

Инаку, младиот пејач од Струмица кој во „Ѕвездите на Гранд“ покрај својот неверојатен глас публиката ја освои и со својата скромност, не крие дека отсекогаш имал голема желба да сними песна со познатата фолк-пејачка Вики Миљковиќ, која му беше менторка во популарното шоу.

Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков

Како што изјави своевремено, тој ќе биде пресреќен доколку дојде до соработка, но откако ќе ја сними својата прва песна. На прашањето дали сега е во контат со Вики и дали таа имала прилика да ја слушне неговата нумера тој вели:

„Во последно време се немам слушнато со Вики, бидејќи и таа и јас имаме многу обврски. За жал немав прилика да и ја испратам песната затоа што гледав сé да завршам побрзо, но мислам дека ќе биде задоволна кога ќе слушне“, вели Мите во неговото последно интервју дадено за „Гранд.онлајн“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков

Пејачот неодамна ги израдува сите и со веста дека ги завршил студиите, што значи дека цело време додека работи на својата музичка кариера, тој напоредно и студирал, со што докажа дека со работа и труд може сé да се постигне.

Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков

Тој тогаш објави и фотографија на која е со дипломата, со која исто така ги воодушеви сите.

Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков

Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков

Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков

Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков

Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button