Реклама
Вирално

Ќе нѐ погоди ли „близначка епидемија“: Може ли еден човек да заболи од грип и корона истовремено?

Реклама

Лекарите веќе се загрижени поради таканаречената „близначка епидемија“ на коронавирус и грип, која би можела дополнително да ги оптовари веќе преоптоварените здравствени системи, додека луѓето се соочуваат со уште една можност – борба против двата вируси во исто време, анализира Си Ен Ен.

– Сигурно е дека може да добиете грип и ковид-19 во исто време, што би било катастрофално за вашиот имунолошки систем, истакнува д-р Едријан Бароус од Флорида.

Маркетинг

Исто така, инфекцијата со еден вирус го прави вашето тело поподложно да заболи и од другиот.

Маркетинг

– Еднаш кога ќе се заразите од грип или некој друг респираторен вирус, тоа го слабее вашето тело. Одбраната опаѓа и ви прави поподложни на можноста да ја добиете и другата инфекција, вели епидемиологот Сима Јасмин, докторка на Здравствено комуникациона иницијатива Стенфорд.

Одвоено, и ковид-19 и грипот може да ги нападнат белите дробови, да доведат до воспаление, течност во белите дробови или откажување на нивната функција, наведуваат од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ). Секоја од болестите исто така може да предизвика сепса, да го оштети срцето, да предизвика воспаление на срцето, мозокот или мускулното ткиво.

– Да ги имате двете болести истовремено го зголеми ризикот од долгорочни последици по било кој од тие органи, истакнува д-р Мајкл Матеј, професор по медицина од Универзитетот Калифорнија.

Сепак, укажува СиЕнЕн, уште е рано точно да се знае колку тешко би било да се имаат двете инфекции во споредба со едната од нив. Тоа посебно важи за САД, каде ковид-19 се прошири кога сезоната на грипот се наближуваше кон крајот па немаше доволно податоци за луѓето кои ги имале двете болести истовремено. Но, Матеј смета дека веројатноста да се развие воспаление на белите дробови расте доколку телото го нападнат двата вируси.

– Двата вируси заедно дефинитивно можат да им наштетат на белите дробови и да предизвикаат повеќе респираторни проблеми, истакнува тој.

Д-р Леонард Мермел, директор на Одделението за епидемиологија од болницата Роуд Ајленд, укажува дека симптомите на грип и ковид-19, се многу слични па тешко можат да се разликуваат.

Тоа вклучува треска, кашлање, краток здив, замор, воспаление на грлото, болките во телото, и затнат нос или растечен нос. Некои може да имаат и повраќање и диареја, но тоа е повообичаено кај децата отколку кај возрасните. Но, за разлика од групот, ковид-19 вклучува и губење на сетилото за мирис и вкус.

СиЕнЕн потсетува дека околу половина од преносот на коронавирусот се одвива меѓу луѓето кои воопшто немаат симптоми, па најдобар начин да знаете дали имате нов коронавирус или грип, или двата, е да се тестирате.

Но, останува прашањето, како да се избегне оваа двојна опасност?

Здравствените експерти укажуваат на важноста од носењето на маски и држењето на физичка дистанца.

– Со престојната сезона на грип, таквите мерки може да не заштитат од двата вируси, истакнува д-р Јасмин.

На јужната хемисфера, каде зимата поминува заедно со сезоната на групот, неколку земји известија за неверојатно низок број на заболени од грип, што е последица на носењето маски и држењето дистанца поради пандемијата од коронавирус.

Во Австралија така бројот на лабораториски потврдени случаи на заболени од грип опадна од 61.000 коллу што имаше во август 2019 година, на само 107 случаи во истиот период оваа година. Но,тоа што жителите на САД и другите земји почнаа да се опуштаат по прашањето за носење маски и држење на други мерки, вели д-р Џин Марако, директорка на Одделението за инфективни болести при Универзитетот Алабама, е „голем проблем“.

– Може да се создаде совршена бура на забрзани активносто на ковид-19 кога луѓето се повеќе ќе се собираат во затворено, посебно бидејќи веќе се уморени од носењето маски, држењето дистанца и миењето раце и што се изложени на сезонскиот грип, истакнува таа.

Вакцинирањето против грип на некој може да му звучи како јасно решение, сепак многу луѓе не го земаат во предвид. СиЕнЕн наведува дека околу половина од Американците не се вакцинира против грип, вклучувајќи и повеќето од децата кои починале како последица од оваа инфекција.

Ако се вакцинирате и доколку подоцна фатите грип, симптомите ќе бидат обично поблаги отколку ако не сте примиле вакцина. Со оглед на тоа дека сѐ уште нема достапни вакцини против ковид-19, вакцината против грип засега е единствен начин да се заштитите од можноста да ве нападнат двата вируси истовремено.

Американските педијатри советуваат дека децата од шест месеци и постарите идеално е да се вакцинираат против грип пред крајот на октомври.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button