Ќе имаат нов член во семејството- пејачката сподели прекрасна вест, а честитки притигнуваат од сите страни
Шармантната пејачка соопшти прекрасна вест.
Пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски важат за еден од најскладните парови на македонската музичка естрада.
Двајцата се во брак веќе подолго време, а круната на нивната љубов е ќеркичката Илина со која мама и тато уживаат да поминуваат време.
Сепак Сара сподели прекрасна вест, а честитки пристигнуваат од сите страни.
Имено Сара објави фотографија од ехо снимка на која се гледа бебе.
-Бебе број 2-напиша таа, па се пошегува „Ако ги броиме и Атос и Бела со@dimitaratanasovski_, а треба, е тогаш Number 4“.
Нивното семејство наскоро ќе добие нов член, а честитки пристигнуваат од сите страни.
Инаку Сара е 12 недели бремена, а при и честитаа нејзините колешки Тамата Тодевска, Каролина Гочева, Јана Бурчевска, Викторија Лоба и многу други.
Илина сега е прекрасно мало девојче, кое ужива во патувањата со своите родители и со нејзините постапки често знае да ги насмее сите.
Пејачката вели дека ужива во мајчинството и дека таа и Димитар не пропуштаат момент да уживаат во нејзиното растење. Во нејзиното одгледување вели најмногу им помагаат бабите и најблиските. Со мајчинството пејачката вели дека открила нова димензија на љубовта.
Инаку малата Илина неодамна славеше роденден и наполни 3 години.
„Мачето мое наполни 3. Најсреќна на светот да си мајкина! Да пукаш од здравје и насмевки!, напиша гордата мама на Инстаграм.
Тие направија интересна семејна фотосесија, а веќе е евидентно дека Илина се повеќе личи на мама и ужива да позира.