Ќе ви ја стопли душата – погледнете каков дочек имаше македонскиот виолинист на аеродром
Најубав дочек кој некој би посакал.

Фотографијата која ја сподели Иле Маестро на Инстаграм ќе ви ја стопли душата.
Познатиот македонски виолинист Илија Филиповски долги години е дел од ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, но професионално е ангажиран и настапува со групата „Маестро“.
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
Токму затоа го има и надимакот Иле Маестро.
Фотографии и видеа поврзани о својата професија честопати споделува на социјалните мрежи, но на публиката најмногу ѝ се допаѓаат оние кои се поврзани со неговиот приватен живот.
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
Иле е семеен човек, татко и опруг.
Од 2021 година е во брак со својата сакана Анастасија, која е негова најголема поддршка во сѐ што прави.
Плод на нивната љубов се синовите Марко и Нено.
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
Секој слободен момент Иле го корити да го помине со семејството.
Изминатиов период група „Местро“ имаше турнеја во далечната Австралија.
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
Македонците во дијаспората уживаа во нивната музика и песна.
По враќањето од Австралија Илија имаше преубав дочек на аеродром.
Неговиот син Марко со балон во раката му посака добредојде на својот татко, а виолинистот блескаше од среќа.