Познатата актерка и фотомодел Брук Шилдс (54) за време на својата кариера се има појавено на бројни насловни страници, а нејзините фанови беа маѓепсани од нејзината природна убавина.
Брук Шилдс во интервју кај Енди Коен се пожали дека нејзините две ќерки имаат совет за неа кој што воопшто не и се допаѓа.
Имено, нејзините ќерки кои имаат шеснаесет и тринаесет години сметаат дека дошло време нивната мајка да направи естетска корекција бидејќи годините го направиле своето. „Моите девојки сериозно ме советуваа дека дојде време да направам естетска корекција бидејќи времето го прави своето“.
„Тие сериозно ме советуваа дека морам нешто да направам со своето лице, некоја малку порадикална корекција. Не можев да поверувам што слушнав од нив. Па јас сум икона, тоа баш незгодно ме изненади“ – не го криеше своето разочарување убавата актерка.
Познатата актерка и поранешен фотомодел за време на својата кариера се има појавено на бројни насловни, а луѓето ја обожаваа токму поради нејзината природна убавина. Најверојатно и заради тоа неа толку многу ја повреди ваквиот став на нејзините ќерки.
Многу познати жени од нејзината генерација веќе одамна направија пластични операции за да го задржат својот младолик изглед, но актерката вели дека досега им одолеала на таквите методи. И тоа не само затоа што е категорично против нив, туку и затоа што има страв од хируршки нож.
Нејзиниот заштитен знак со текот на годините бае и густите веѓи, и тоа додека не беа во мода. „Не дозволувам моливчето да се вика според моите веѓи. Навистина ми е смешно кога луѓето се опседанти со еден дел од телото, посебно нешто толку банално како што се веѓите“ – заклучи Шилдс.