Ќерката на Јелена Карлеуша порасна во вистинска убавица – и таа со ФОТОГРАФИИТЕ предизвика бура од коментари
Kопија на мама!
Децата на познатите отсекогаш го привлекувале вниманието на јавноста, а не ретко се случува тие да тргнат по стапките на своите родители. Една од нив е и постарата ќерка на пејачката Јелена Карлеуша која реши да стане позната на социјалните мрежи како и нејзината мама.
Имено, Карлеуша покрај својата музичка кариера важи и за една од најпознатите жени на Балканот на социјалните мрежи, а судејќи според најновите фотографии на Атина, повеќе од сигурни сме дека и неа ќе чека блескава кариера.
Гордата мама ги промовираше новиот едиторијал на ќерката, а сличноста меѓу нив е неверојатна.
Пејачката воодушевено сподели фотографии од својата наследничка која по висина наскоро ќе ја достигне својата мајка иако има само 12 години.
Таа веќе е позната во виртуелниот свет и им преставува идол на многу девојки кои се на нејзина возраст, а само на Инстаграм има преку 90 илјади фанови.
Под нејзините фотографии не ретко можете да прочитате коментари од типот „копија на мама“.
Атина блеска на фотографиите што ги направи познатиот фотограф Дејан Миличевиќ и очигледно ја сака камерата.
Како што пејачката истакна во една пригода, сето она што во животот го научила од својата мајка Дивна, сега сака да им го пренесе на своите наследнички Атина и Ника кои што го доби од бракот со фудбалерот Душко Тошиќ.