CelebrityНовости

Ќерката на Шабан Шаулиќ го загуби бебето од корона – потресна исповед на Илда, нов удар за пејачката!

Advertisement

Ќерката на Шабан Шаулиќ, Илда преживеала и корона, и за неа и вирусот се пишувало наголемо. Пејачката сега ги откри најважните детали од борбата.

Advertisement

– Искрено, не знам од кого се заразив, не можам да кажам. Не сум тип кој ќе впери прст во било кого, рекла Илда Шаулиќ за емисијата РТС ординација.

Како што додава, се сретнала со луѓе, сите нормално комуницирале, не знаела дека некој од нејзиното опкружување некој бил заболен. Дека била заразена со корона, ги добила следните симптоми:

Advertisement

– Два дена немав чувство на мирис и вкус и тоа ми беше знак дека треба да се тестирам, а плус јас во тоа време бев бремена, па едно со друго си повлече. Беше приоритетна работа која мораше да се исконтролира, напоменала пејачката.

Истакнала дека немала други симптоми.

– Во мојот случај најбезбедно помина. Немав зголемена температура, не кашлав, немав проблеми со белите дробови, ништо, порачала Илда и додала дека некои пријатели многу тешко ја поднеле короната па дури животот им висел на конец.

Кога отишла на тестирање, ја прашале дали има зголемена температура, дали нешто ме боли, дали кашлањето, чустви на притисок во градите. На сите прашање одговорот беше „не“.

– Беше малку специфично бидејќи дојдов и реков „ Сакам да направам тест“, рекла Илда.

Ги збунила медицинските работници кои веднаш ја прашале зошто дошла, а кога им соопштила дека е бремена, работите се промениле.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Поради бременоста било најважно да проверам и подоцна дојде позитивен резултат, раскажала Илда и рекла дека направила тест со брис и крв.

Додека ги чекала резултатите, најмногу се плашела поради фактот дека е бремена.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Мислев дека нема да биде страшно бидејќи реакцијата е мала, но резултатот беше друг, напоменала.

Не земала никакви лекови, нормално, немаше потреба од нив.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Искрено,  втор пат во животот останав бремена и тоа беше голема радост за мене. Исто така имам убави години, тоа не го кријам – 42 години во декември. Тоа за бременоста беше ризично. Јас се израдував, но со резерва – да даде Господ се да биде добро, истакнала.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда планирала откако дознала дека е бремена да почека неколку месеци па потоа да соопшти дека е бремена. Меѓутоа, новинарите ја претркале.

– Дали причината беше короната или не.. МОјот гинеколог вели дека не можеме да препишеме на тоа бидејќи јас добро се чувствував и се беше во ред. Можеби и нема врска со вирусот, рекла таа.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда после неколку недели повторно се тестирала и резултат бил негативен.

– Воспоставено беше дека плодот не се развива добро и дека тоа нема да биде добро, додала таа

Илда порача дека нејзиниот сопруг Бојан Вуќковиќ и ќеркичката Ема (4) постојано биле добри. Исто така напомена дека пред вирусот се придржувала до сите мерки, што тоа го прави и ден денес.

– Се чуваме колку што можеме, јас се чував и претходно, бев дисциплинирана, но тоа не значи дека вирусот не може да ни се случи, рекла таа.

 

 

 

Во животот на Илда премногу работи се случија, но таа како и секоја силна жена успеа да ги преброди и да продолжи со својот живот.

Таа постојано на својот Инстаграм профил објавува среќни моменти, во продолжение погледнете уште неколку интересни фотографии од ќерката на Шабан Шаулиќ.

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button