Реклама
Новости

Ќерката на Харис Џиновиќ пред сите естетски корекции – изгледа непрепознатливо, а ова е нејзината мајка!

„Мојата мајка е подобра риба од сите нас заедно“

Реклама

Наследничката на Мелина и Харис Џиновиќ, Џина Џиновиќ, е поприлично позната на социјалните мрежи.

Џина одвреме-навреме знае да привлече внимание и со по некоја провокативна фотографија, за кои секогаш добива бројни коментари.

Таа е млада и убава дама која ги известува своите фанови за сето она што и се случува во животот, па сега и ги изненади.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Имено, таа објави дека итно морала да посети пластичен хирург бидејќи филерот на устата почнал да мигрира.

Маркетинг

Во медиумите досега често се шпекулирало за естетските интервенции што Џина ги има направено досега, а впрочем таа и самата често отворено зборувала за некои од нив на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Па така во една пригода преку Инстаграм стори откри дека вбризгала 3 милилитри хијалурон за да има поубава уста.

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Некогаш имала проблем и со вишок килограми, но ригорозната диета и редовните тренинзи не и беа доволни, па таа решила да направи интервенција и на колковите, за да добие Ким Кардашијан ефект.

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Како што своевремено пишуваше српскиот „Курир“, ќерката на Харис тоа наводно го направила со одредена кубикажа филери.

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Џина исто така направила мала интервенција и на носот, што може да се забележи од нејзините стари слики, пишува српскиот Блиц.

Фото: ТВ Прва, Јутјуб

„Бев како топче, Џина од пред две години и оваа сега се потполно две различни личности. Направив промена во исхраната и сакам да лажам дека вежбам, иако тоа многу ретко го правам, но тоа се некои работи што ги делам со моите следбеници. Да кажеме дека имав и катастрофални проблеми со лицето, многу се потрудив денес да биде вакво какво што е, а ме фати, помеѓу останатото, и пубертетот, па се обидувам на девојките да им објаснам дека акните се нормална работа“, изјави наследничката на Харис Џиновиќ како гостинка во една емисија.

„Мојата мајка е подобра риба од сите нас заедно“

Џина неодамна сподели фотографија од својата мајка и исто така предизвика голема прашина на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

„Мојата мајка е подобра риба од сите нас заедно“, напиша младата инфлуенсерка тогаш под фотографијата на која Мелина позира во кусо црно фустанче и со високи кожени кафеави чизми во кои изгледаше неверојатно.

„Мојата ќерка не ја советувам околу облекувањето! Како што можете да видите, ние двете потполно се разликуваме. Но драго ми е што моето дете не е моја копија, си има свој пат, па и свој стил. Дали тоа на мене ми се допаѓа или не, навистина не е важно.“

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

„Мислам дека некој од 19 години и не треба да биде советуван од жена која има 40 години“, истакна Мелина во една пригода.

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button