Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ позираше покрај базенот во РАСКОШНАТА КУЌА од два милиони евра (фото)

Ќерката на познатиот фолк-пејач Харис Џиновиќ и Мелина, Џина, објави нова фотографија од базенот во семејната куќа за која со денови се пишува.
Покрај својата убавина, тинејџерката со уште еден интересен детаљ им го привлече вниманието на фановите.
Имено, Џина овој пат на своите фанови на социјалните мрежи им покажа еден дел од дворот во раскошната вила.
Нејзините родители ова место го средувале цели две години и во него имаат вложено повеќе од два милиони евра.

Дворот е среден совршено и големиот базен го привлече вниманието ја јавноста, колку и стилскиот избор на младата Џина.

Таа позираше во дворот облечена во марама, која во форма на „топ“ го покри нејзиниот горен дел.

„Од денес го менувам стилот“, напиша таа, најавувајќи дека своите тинејџ изданија ќе ги замени со нешто што е шик и фешан.

Инаку, седумнаесетгодишната Џина на јавноста и се претстави преку својот профил на социјалните мрежи.

Таа отвори свои налози на „Тик Ток“ и „Инстаграм“ и веднаш стана вистинска „тинејџ“ ѕвезда во регионот.

Откако се појави во медиумите, таа интригира со секоја своја објава. Без разлика дали е во прашање фотографија со момчето, или совршено избрана комбинација, Џина Џиновиќ секогаш е во центарот на вниманието.
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
