Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Сузана Турунџиева е вистинска убавица, но погледнете го внучето – на кого ви личи? (фото)

Глетка која предизвика лавина од позитивни коментари

Реклама

Познатата водителка, пејачка и писателка Сузана Турунџиева, покажа како ужива со својата ќерка Лора и внучето Јаков.

Турунџиева на својот Инстаграм објави една заедничка фотографија на која се гледа како ужива со својата ќерка и нејзиниот син.

На фотографијата сите се среќни и насмеани, а во позадината се слуша познатиот светски хит „Oh Happy day“.

Маркетинг

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Главниот фраер на сликата секако е малиот Јаков, додека овој посебен момент го овековечи неговата убава мама, Лора.

Маркетинг

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Инаку, и наследничката на Сузана знае одвреме-навреме да објави фотографија на Инстаграм на кои се гледа колку е убава, природна и негувана млада дама. Таа за разлика од нејзината позната мајка која има виткана фризура, има рамна коса, но бојата е речиси иста. Тие многу личат и според нивните црти на лицата, посебно очите, веѓите, па и насмевката која им е речиси идентична.

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Овие црти ги има и внукот на Сузана, а колку таа е горда баба и пресреќна секогаш кога е со нив, се познава и по нејзиното лице.

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Потсетуваме, Сузана покрај Лора ја има и помалата ќеркичка Матеа, а наскоро ќе биде поприлично весело во нивниот дом.

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Имено, на почетокот од следниот месец Лора го слави својот 24 роденден, а неколку дена потоа и Јаков полни пет години.

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Ќерката на Сузана многу млада заплови во брачните води, но таа ја имаше целосната поддршка од својата мајка.

Турунџиева никогаш не криела дека токму ќерките и ја даваат животната енергија и дека и е најубаво кога го минува времето со нив, но и со внучето што Лора го доби со својот сопруг Филип.

А како баба Сузана ужива со него, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button