Наследничката на Шон Пен ужива во животот
Хаваите се дестинација на чии плажи овие денови вниманието го привлекува прекрасната ќерка на поранешниот актерски пар Шон Пен и Робин Рајт, Дилан Пен. Таа го пленеше вниманието и тоа не само заради нејзиното извајано тело, туку и поради жешките игри на песокот – со нејзиното момче. Имено, новата година започна за 27-годишната Дилан Пен со одмор од соништата. На песочна плажа на Хаваите, убавата ќерка на славните родители, Шон Пен и Робин Рајт, кои беа во брак од 1996 до 2010 година, повторно покажа дека знае како да го живее животот со полни гради.
Младата актерка и манекена флертуваа со својот избраник и се бакнуваше на плажата пред папараците, а претставниците на посилниот пол без воодушевени од нејзиното неверојатно тело во костим за капење со бело-сини риги.
Дилан таму беше на заеднички одмор со нејзиното семејство, но заљубените гулапчиња го искористија краткото време во кое останаа сами и им се препуштија на страсти. Бакнежите со непознат маж на сред плажа дополнително ја подгреа романтичната атмосфера.
Шон Пен и неговата 32 години помлада девојка …
Инаку, нејзиниот безгрижен татко Шон ја поддржува својата ќерка во сè што прави, и тие одлично функционираат како модерно семејство. Неговата поранешна сопруга, Робин Рајт, минатото лето повторно се омажи со менаџерот за ВИП клиенти во Сен Лоран, додека Шон е во врска со девојка која е на иста возраст како и неговата ќерка.