Ќерката на легендарната Мерима Његомир ја отвори својата душа и ги растажи сите со потресна вест

Пејачката Мерима Његомир денеска ќе го прославеше својот 70-ти роденден, но тешката болест прерано ја однесе во смрт на 20 ноември во 2021 година.
Една од најпознатите пејачки на изворна музика почина од рак на панкреасот.
Таа беше погребана во Алејата на заслужните граѓани во Белград, каде од неа се простија многу пријатели и членови на семејството.
По повод сеќавањето на легендарната пејачка денеска со трогателна објава се огласи и нејзината ќерка, пишуваат српските медиуми.
Меѓутоа, меѓу зборовите кои најмногу се посветуваат на мајката, Љубица откри и дека ги снашла уште една семејна трагедија.
View this post on Instagram
„Денеска е 9 ноември. Денес е роденден на мајка ми. Денеска би правеле голема забава. Таа денеска ќе наполнеше 70 години. Бескрајно, мајчице моја. Денеска ја погребавме тетка ми Милица, сопругата на вујко ми, братот на мајка ми. Велат сето тоа е дел од животот“, напиша Љубица на Инстаграм.
Фото: Фејсбук
Мерима беше пејачка со неповторлив глас, обожавана на просторите на цела бивша Југославија. Таа во текот на својата кариера сними повеќе од 25 албуми и испеа некои од безвременските хитови како „Иванови корита“, „Ружо моја“, „Због тебе“ и многу други.
Фото: Фејсбук
Песната „Иванови корита“, која Мерима ја сними во 2001 година на крајно тивок и ненаметлив начин, стана голем хит.
Иако пејачката продолжила да снима песни и албуми, по таа 2001 година, ниту една од песните не успеа да ја надмине популарноста на „Иванови корита“.