Реклама
Наши ѕвезди

Јордан Митев ја покажа својата ќеркичка Кристина – ВИСТИНСКА МАЛА ЛАЗАРКА, ќе се воодушевите!

Горд на својата ќерка, никогаш не бил посреќен

Реклама

Најслаткото видео што ќе го видите денес

Овој викенд беа празниците Лазарова сабота и Цветници, а Јордан Митев по тој повод и ги изненади своите фанови.

Имено, познатиот фолк-пејач сподели видео направено во неговиот дом во кое се гледа како девојчиња облечени во традиционални македонски носии ја држат неговата ќеркичка Кристина и пеат празнични песни.

Маркетинг

Познато е дека Јордан е голем верник, а сега покажа и дека ги почитува старите македонски традиционални обичаи.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Видеото е снимено во неговиот двор во куќата во Подареш каде што живее со сопругата Славица и нивната ќерка Кристина.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Потсетуваме, Кристина се роди додека тој беше на турнеја во Австралија, а со него беше и неговата сопруга.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Како што самиот истакна во една пригода, сосем случајно се погодило неговата сопруга да треба да се породи токму додека се во Австралија, па така нивната наследничка се роди во Мелбурн.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

„Посебно сум некако среќен што е ќерка, зошто не знам, но сакав првото да е ќерка“, изјави тогаш Јордан за Гламур магазин.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Како изгледа денес неговата наследничка, погледнете од видеото во продолжение..

„Нашата лазаринка“, напиша Јордан под видеото со кое ги воодушеви неговите бројни следбеници на Фејсбук.

БОНУС ВИДЕО

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button