Реклама
Наши ѕвезди

Јордан Митев „фатен“ во друштво со една од НАЈГОЛЕМИТЕ ЅВЕЗДИ ма целиот Балкан?! (фото)

Еве за кого станува збор

Реклама

Нашиот познат пејач ги изненади сите

Во прашање е неговата песна „Ајде сите на нозе“, која што сега ќе ја отпее еден од најголемите фолк-пејачи на Балканот.

Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев пред неколку дена сподели вест која што и него го израдува многу.

Маркетинг

Имено, тој на социјалните мрежи објави дека познат фолк-пејач од регионот ќе препее една негова песна, а сега Јордан откри и за кого станува збор и ги воодушеви своите бројни фанови.

Маркетинг
Фејсбук, Јордан Митев

Станува збор за песната Ајде сите на нозе“ која во изведба на Јордан има преку 3 милиони прегледи на Јутјуб, а наскоро ќе можеме да ја слушнеме и во изведба на балканската фолк-ѕвезда Халид Муслимовиќ.

Фејсбук, Јордан Митев

Пејачот со оваа вест се пофали на социјалните мрежи, а објави и заеднички фотографии со Халид под кои напиша:

„Добрата песна ќе си го најде својот пат, порано или подоцна, колку и да сакаат некогаш да ја маргинализираат, а со тоа и да ве маргинализираат како човек. Вистинските луѓе не мора да ги барате, сами ќе ве најдат. Наскоро ‘Ајде сите на нозе’ во изведба на една од најголемите легенди на балканската фолк музика, Халид Муслимовиќ“.

Фејсбук, Јордан Митев

Потсетуваме, Халид Муслимовиќ е југословенски и босански поп-фолк пејач кој својата кариера ја започна во 1982 година, кога Јордан Митев се уште не беше ни роден. Важеше за еден од најпопуларните пејачи во поранешна Југославија и има продадено повеќе милиони плочи, а добитник е на неколку престижни награди како Оскар на популарноста за пејач на годината и награда на фестивалот Естрадна Југославија.
Оженет е со пејачката Аделиса Хоџиќ со која во 1991 година ќе го добијат синот Енис, а четири години подоцна ќерката Лејла.

Фејсбук, Јордан Митев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button