Реклама
Наши ѕвезди

Јелена Ѓоковиќ ужива во куси шорцеви на плажа, а Ноле „фатен“ во ПРЕГРАТКИТЕ на познатата турска актерка (фото)

Реклама

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, си ги полни батериите во Дубаи, од каде редовно се огласува на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

Шармантната Јелена овој пат со своите фанови сподели фотографија од плажата и како изгледа зајдисонцето на ова прекрасно место.

Облечена во куси шорцеви таа во преден план ги истакна своите убави нозе и покажа дека е во совршена форма.

Маркетинг

Покрај оваа фотографија таа објави и една со својот син Стефан со кого уживаше во неверојатната глетка.

И бидејќи нејзините обожаватели немаат често прилика да ја видат во вакво издание, многумина не го криеја воодушевувањето и веднаш ја почестија со голем број комплименти на сметка на нејзиниот изглед. А кога сме веќе кај нејзиниот изглед, покрај здравата исхрана, за нејзината линија заслужни се и тренинзите на кои таа им се има посветено во последно време.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Таа пред неколку месеци започна со капуера – бразилска вештина која што поврзува елементи на боречки спортови, музика и танцување. Таа неодамна на социјаните мреѓи отворено зборуваше за тоа.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

„Капуерата ја открив ова лето и почнав да учам со Пулмао. Првите две недели одев како робот бидејќи ме болеше секој дел од телото…Не можев ниту еден склек да направам, ниту женски! Така што.. ова навистина е напредок, иако сум далеку од идеалното или некое фалење. Едноставно уживам во движењата, се чувствувам и малку детски додека демек се обидувам да бидам храбра кога ќе тргне со ногата кон мене и така… Убаво е, Поинакво“, напиша таа тогаш.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Инаку, Ноле по финалето помеѓу Аргентина и Франција беше гост на престижна гала вечера, каде беше и познатата турска актерка Зејнеп Утку. Таа ја искористи приликата и се фотографираше со познатиот тенисер, а фотографијата ја сподели на Инстаграм со следниот коментар:

Фото: Инстаграм

„Прекрасна вечера со пријателите. Беше прекрасно што ни се придружи и Новак Ѓоковиќ, толку инспиративен талент“, напиша таа.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button