Ја паметите ли оваа македонска емисија: Погледнете како изгледаат водителите денес
Водителите на најпопуларната македонска емисија во 90-тите поделија ретро фотографија од тоа време.

Ја паметите ли емисијата „99 action“?
Оваа емисија беше од забавен карактер и вистинско освежување за македонската сцена тогаш.
ФОТО: Принтскрин
Токму од оваа емисија произлегоа многу познати личности.
Водители на оваа емисија беа Мартин Трпчевски, Миа Костова и Билјана Максимовска.
ФОТО: Принтскрин
За Билјана и Миа ова беше отскочна штица и успеаја да изградат успешна водителска кариера.
Мартин, кој инаку е и актер, последен проект на кој работеше беше „Фчерашни новости“.
ФОТО: Инстаграм / Мартин Трпчевски
Денес е семеен човек кој е успешен во сосема друга професија.
„Повлечен сум од медиумите. Во момоментов работам маркетинг. Тоа ми е редовна работа, каде што сум си пријавен најнормално. И јас еднаш да имам нормална работа“, изјави Мартин во интервју за емсијата „Магазин“.
ФОТО: Интаграм / Мартин Трпчевски
Мартин и Миа споделија фотографија од времето кога заедно работеа на „99 action“, која буди носталгија по младоста.
„Кој нѐ памети вакви“, стои во описот.