Реклама
Наши ѕвезди

„Јас сум стрејт жена и сакам мажи“: Еве како изгледа денес пејачот од Македонија што го промени полот и стана вистинска жена

Реклама

По натпреварот во популарното шоу Фифи се пресели во Шведска каде и денес живее…

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор Адрија

Филип Јаневски попознат како Фифи се прослави со учеството во „Икс Фактор“. Во популарното шоу се појави со високи потпетици и кратка коса, и пред жирито отворено и храбро призна дека е транссексуалец.

По неговата изјава следуваа коментарите на жирито, а изјавата на Жељко Јоксимовиќ се уште подига прашина во јавноста.

Маркетинг

Но Фифи и покрај критиките од Жељко доби поддршка од поголемиот дел од јавноста и со својата впечатлива појава им го привлече вниманието на медиумите.

„Јас сум стрејт жена и сакам мажи“, зборуваше тогаш отворено Фифи и откри дека критиките на Жељко ги прифатила конструктивно, но и дека сака претставниците на жирито да и се обраќаат како на жена.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор Адрија

„Од околу 12 години почнав да се изразувам повеќе како женско, бидејќи почувствував потреба повеќе да не се кријам. Едноставно сметав дека нема потреба да се кријам. Тоа што си однатре секогаш треба да излезе надвор на виделина, без разлика што ќе кажат другите луѓе. Секогаш треба да си храбар и едноставно да стоиш зад тоа што го сакаш“ изјави Фифи пред нејзиниот настап од пред девет години во популарното шоу.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор Адрија

Таа тогаш настапи со песната „Dov’e L’Amore“ од Шер, а видеото денес има речиси милион прегледи на Јутјуб и илјадници позитивни коментари.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор Адрија

Таа по учеството во шоуто заминува да живее во Шведска каде ќе започне со хормонална терапија и че го промен полот.

Фифи денес има долга руса коса и изгледа како вистинска жена, а попрличично е познат и на социјалните мрежи. Таа се уште се занимава со музика, а како изгледаше пред десетина години, на почетокот од својата слава, но и денес, како русокоса, погледнете во продолжение…

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор Адрија

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор Адрија

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор Адрија

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор Адрија

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор Адрија

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор Адрија

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор Адрија

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор Адрија

 

Фото: Фејсбук, Фифи Јаневска

Фото: Фејсбук, Фифи Јаневска

Фото: Фејсбук, Фифи Јаневска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button