Реклама
Вирално

Јавноста бара одговори на овие прашања во врска со монструозното убиство на малата Вања

Времето поминува, а за јавноста се уште нема одговор на некои прашања поврзани со убиството на малото девојче кое беше грабнато во центарот на Скопје

Реклама

Министерот Спасовски очекува Палчо да биде брзо испорачан

Од информациите што досега беа соопштени од обвинителството и МВР во врска со истрагата околу грозоморното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, се знае точната траекторија по која се движеле осомничените лица од моментот кога го грабнале девојчето, па се до нејзиното убиство.

Позната е точката од каде што тргнале, односно го извршиле грабнувањето, и како се движеле се до местото каде што Вања е убиена.

Маркетинг

За овој злочин како и за убиството на велешанецот Панче осомничени се петмина, од кои како извршител и организатор е посочен контроверзниот бизнисмен и политичар Љупчо Палевски Палчо кој моментално е во екстрадиционен притвор во Турција.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Еден од осомничените е и таткото на убиената Вања, но неговата улога се уште не е целосно разјаснета.

Во врска со првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при гостувањето во емисијата „Само вистина“ на телевизија „Канал 5“ потенцираше дека Турција ни е пријателска земја и дека очекува тој брзо да биде испорачан на органите на прогонот во Македонија.

Но додека тој да биде екстрадиран во нашата земја остануваат неразјаснети многу прашања поврзани со целиот настан. И за жал на многу од овие прашања во врска со начинот на самото киднапирање, како и околу водењето на истрагата за убиствата што го потресоа целиот регион се уште нема одговори.

Фото: Фејсбук

Монструозниот случај предизвика внимание и во соседството, па така во една од последните емисии што беше емитувана во српските медиуми, а поврзана со убиството на Вања Ѓорчевска, поранешниот помошник на началникот на управата за криминалистичка полиција на Србија, Дејан Раденковиќ, го поставува прашањето зошто полицијата во Македонија не постапила според методологијата на работа, уште од моментот кога Панче Жежовски беше пријавен како исчезнат.

Како што вели тој, доколку било постапено така, односно доколку полицијата постапила како што треба можеби не би дошло до убиството на Вања. Како што потенцираше тој во емисијата на „Блиц ТВ“, најверојатно се направени многу пропусти, посебно околу исчезнатото возило на првото убиено лице.

Како што вели Раденковиќ, како е можно полицијата да не тргнала во потрага по возилото на убиениот Палчо, кога е забележано дека недостига и тоа.

„Постојат паметни камери, го ставате само бројот на регистарската табличка и тие ви известуваат кога ќе го снимаат возилото“, вели тој.

Фото: МВР

Според Раденковиќ сомнително е и тоа што Палчо по монструозното убиство се однесувал потполно нормално.

Тој се огласуваше на социјалните мрежи, снимал подкасти, и тоа го правел целото време помеѓу двете убиства и се до моментот кога одлучува дека треба да ја напушти земјата.

Како што претпоставува поранешниот помошник на началникот на управата за криминалистичката полиција на Србија, Раденковиќ, Палчо можеби имал информации дека потрагата околу Панче не напредува, па најверојанто затоа и бил опуштен и потоа го направил сето она што го направи.

Сомнително е и тоа што Палчо решава да ја напушти земјата токму во моментот кога истрагата околу убиството на Вања напредува, па и тоа што кон Белград решава да тргне со својот адвокат, најверојатно во случај ако му затреба.

Сето ова биди сомнеж дека осомничениот имал информации што ги добивал во врска со истрагата, па зaтоа јавноста и заслужува одговори.

Но како што објави „Скопје1“, и покрај тоа што Одделението за внатрешна контрола во МВР може и има надлежност да утврди како течела постапката за пронаоѓање на Вања, како и дали од припадниците на МВР е постапено согласно протоколите, тие вакви обврска нема да имаат.

„Во врска со вашите прашања ве известуваме дека сите преземени мерки и активности и обезбедени докази од страна на СВР Скопје, во врска со случајот за кој прашувате, се дел од веќе поднесените кривични пријави кои се доставени до ОЈО Скопје, за што МВР ја извести јавноста“.

„За сите понатамошни прашања упатуваме во Обвинителството, по чии насоки постапува полицијата“, посочува МВР за „Скопје1“.

Фото: Гугл мап

Се уште нема одговор и на прашањето дали возилото на убиениот Панче било возено низ Скопје уште на 24 ноември, односно три дена пред да се случи грабнувањето на малата Вања.

Во јавноста постојат голем број шпекулации во врска со целиот случај, од оние дека доколку се работело според протоколите, возилото би можело да биде забележано и потоа да бидат фатени осомничените. Ова впрочем произлезе од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, односно од нивното прашање дали е точно тврдењето дека возилото се движело низ Скопје неколку дена пред убиството, но како што пишува „Скопје1“, од МВР се уште нема одговор и на ова прашање.

Но токму заради немање одговор како на овие така и на бројни други прашања поврзани со целиот овој монструозен случај, во јавноста се шират најразлични теории и шпекулации, па се поставува клучното прашање – зошто и дали постои нечиј интерес сите овие нелогичности да бидат во оптек и во јавноста да кружат најразлични теории, од кои некои навистина се морбидни.

Како што вели Раденковиќ за „Блиц ТВ“, тој би сакал да верува дека дел од овие шпекулации можеби протекуваат од МВР или обвинителството кои намерно пуштаат неточни информации со цел да ги сокријат материјалните докази што ги имаат. Тоа можеби е направено со цел некој да направи одредена грешка или за да се дојде до доволен број материјални докази кои ќе допринесат за сите што биле инволвирани во случајот да бидат осудени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button