Ѕвездата на 90-тите се подготвува за ЗБОГУМ – со оваа песна сака да биде испратена во вечниот дом – текстот крие трагична и болна приказна

Здравствената состојба на Шенон е се по критична.
Ѕвездата на хит серијата од 90-тите „Беверли Хилс 90210“, 49 годишната Шенон Доерти веруваше дека го победи ра кот на дојката кој и е дијагностициран пред пет години, но и се врати оваа година, и се проширил на лимфните жлезди и преминал во четвртиот стадиум.
Откако на јавноста и призна дека пишува проштално писмо и снима видео за своите најблиски, сега на пријателите им открила со која песна сака да биде испратена во вечниот дом.
Станува збор за песната „Tears in Heaven“ , оваа песна е инспирирана од големата болка на славниот Ерик Клептон, што оваа трагедија му го промени животот.
Имено, во 1991 година, неговиот четиригодишен син Конор настрада во несреќа.
Детето скокало на креветот во станот на пријателката на неговата мајка, на 53. кат во една зграда во Њујорк.
Малиот Конор паднал низ прозорец и заг инал на лице место. Шенон наводно, откако прв пат ја слушнала таа песна и приказната како настанала, плачела со денови и изјавила како тие стихови за неа симболизираат крај на овдеземскиот и почеток на друг живот.
– Многу е поврзана со таа песна и уште во 90-тите изјавила дека сака да биде испратена со оваа песна, Иако јас не се надевав дека на прагот на 50-тите мора повторно да размислува за тоа, недоамна пријателите ја потсетија на оваа желба, открива близок извор на актеркта.
– Кога и да ми било тешко во животот, ја слушав оваа песна бидејќи занев дека не сум сама во болка. Не ни можам да замислам како е да се изгуби сопствено дете па секогаш мојата болка беше помала од оние кои доживеале ваков губиток, река во една прилика ѕвездата на 90-тите.
Да се потсетиме низ фотографии на најгледаната Тв серија во 90-тите „Беверли Хилс“… Шенон во оваа серија стана најголема ѕвзеда, погледнете како изгледаше таа во младоста.