Холивуд

Што носи Меланија Трамп на фотографијата на која позира покрај Првата дама на Македонија

Advertisement

Претстедателот Ѓорге Иванов заедно со својата сопруга Маја присуствуваше на приемот што Доналд Трамп го организираше за шефовите на делегациите на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Претседател и првата дама на Македонија позираа покрај контроверзниот претседател на САД, Доналд Трамп и неговата прекрасна сопруга Меланија. Фотографијата од нивната средба беше објавена на официјалниот профил на Facebook на претседателот Иванов.

Advertisement

Поранешната манекенка и сопруга на престедателот на Америка, Меланија Трамп, за приемот и фотографирањето со гостите беше облечена во елегантен црн капут -фустан стегнат со широк, сатенски ремен со кој ја истакна половината. Таа целото издание го заокружи со елегантни високи птоептици, додека првата дама на Македонија носеше комплет зелена нијанса и впечатлив црвен кармин.

Advertisement

За време на престојот во САД, 54-годишната прва дама на Македонија посети детска болница во Мичиген. За оваа пригода, таа избра црно-бел фустан  со должина до колена и црно сако додека целото издание го заокружи со елегантни црни чевли со ниски потпетици.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button