„Што ми е со веѓиве“ – Лила сподели ретро фотографија,, па ја споредија со Џенифер Лопез
Долго време е на македонската јавна сцена, а во последно време се почесто споделува ретро фотографии.
Една од најубавите и најуспешните водителки во земјава покажа како изгледала пред 20 години.
Лила Филиповска е жена која е без никакви комплекси и нема проблем да објави ретро фотографија и на своја сметка да се пошегува.
Она што е евидентно е дека Лила се чини дека со текот на годините станува се поубава и годините и тоа како и пријаат.
Лила објави фотографија од пред 20 години, каде позира за списание „Здравје“ па праша:
„Зошто веѓите ми се Китка-Матка и зошто десната ми е потенка од левата?!“ напиша Лила под фотографијата.
Сепак со оглед на тоа дека модата се менува, најверојатно тоа било во тренд, па ја подржжа и жени во порака и ја спордија со Џенифер Лопез.
„Баш си убава, а тука си и без шминка“ напиша една од нејзините фанови и сподели фотографија од Џенифер Лопез.
Таа веќе со децении важи за една од нашите најубави и најпознати водителки, а нејзиниот стил со текот на времето се менуваше. Но и покрај големиот број трансформации и различните трендови, Филиповска секогаш пленела и со својата убавина, а неретко и во пpoвокативни изданија.
Шармантната водителка на популарното шоу „Сè или нешто“, Лила Филиповска, е жена која предизвикува внимание каде и да се појави, а фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи секогаш се проследени со бројни коментари и пофалби на сметка на нејзиниот изглед.