Новости

Што мислите за оваа идеја: Жена ги сече стеблата од брокулата пред да ги мери за да заштеди пари

Advertisement

Купувач во маркет откри дека ги отсекува рачките од намирниците кои ги купува, за да заштеди пари.

Advertisement

41-годишната Меја Картер, минатата недела објави видео кое стана вирално, а на кое се гледа дека ги отсекува стеблата од брокулата и ги фрла назад во купот зленчук, пред да ги измери.

„Не плаќам за нив, па само ги вадам и ги фрлам. Ќе платам само за тоа што го јадам“.

Клипот е прегледан повеќе од 5,3 милиони пати и илјадници луѓе во коментари го кажаа своето мислење.

ФОТО: Принтскрин

Критичарите ја исмејуваа нејзината идеја за заштеда на пари.

Advertisement

„Ова е причината зошто секогаш ги лупам компирите во самопослуга“, напиша еден корисник на TikTok, додека друг се пошегува: „Направете го тоа неколку пати и ќе си купите куќа!

„Штотуку заштедивте 0,7 центи“, додаде некој друг.

ФОТО: Принтскрин

Други пак тврдеа дека стебленцето е најдобриот дел од брокулата и ѝ понудија рецепти.

Меја, која го научила трикот од нејзината баба, во видеото покажа како ги отстранува стеблата од брокулата.

Ако се доволно долги, ги кине, но ако се пократки, ќе извади џебен нож и ќе ги отсече деловите што сака да ги отстрани.

ФОТО: Принтскрин

„Само ги оставам овие во продавницата“, рече таа.

Што мислите вие за нејзината идеја?

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button