Шерон го покажа своето убаво тело во шик издание
Поминаа скоро 30 години од снимањето на култниот филм Основен инстинкт, а познатата актерка се уште привлекува внимание со својот беспрекорен изглед. Тоа дека за неа годините се само бројка, русокосата убавица го покажа и при нејзината последна прошетка низ улиците во Лос Анџелес кога во друштво на пријатели уживаше во шопинг.
Шерон Стоун (61) беше во центарот на вниманието додека се шеташе во издание во кое доминира зелената боја.
Во прашање е краток фустан со интересен графички дезен кој легендарната актерка од „Основен инстинкт“ го носеше со високи плетени патики кои потсетуваат на култните старки додека целото издание го нагласи со златен накит, пастелно сина чантичка и ретро очила за сонце.
Па, дали ви се допаѓа Шерон во ова издание?