Реклама
Новости

Шерифовиќ сподели неодолив момент со бебето – фотографијата ќе ви го разубави денот

Пејачката никогаш не била посреќна

Реклама

Пејачката при крајот на минатата година со помош на сурогат мајка се оствари во најважната улога во животот.

Од тогаш за Марија Шерифовиќ сé се менува, па таа сега речиси и да не се одвојува од својот наследник.

Впрочем за тоа зборуваат и нејзините објави на социјалните мрежи на кои секогаш во главна улога е Марио.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Така беше и овој пат, кога пејачката со својата објава покажа дека е пресреќна и колку ужива во мајчинството.

Маркетинг

Имено, Шерифовиќ овој пат на Инстаграм ги покажа слатките мали стапала на нејзиниот јунак, веднаш покрај нејзините. Тие за „заиграа“ со прстињата, а како изгледаше овој неодолив момент додека Марија ги држеше неговите стапала во рацете, погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

И оваа објава ги воодушеви сите, а многумина ѝ порачуваат на пејачката дека никогаш не изгледала посреќно.

Таа по враќањето од САД каде што се роди Марио се всели во својот стан во Белград на вода, а неодамна покажа и како ја средила детската соба за наследникот во која тој ќе се чувствува како цар.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Тие во станот ги поминаа и новогодишните и божиќните празници, а со неа е и нејзината мајка Верица која и помага.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Но и покрај обврските што сега ги има, Марија сепак изгледа свежо и весело, како воопшто да не е изморена.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Повеќе од очигледно е дека ужива во новата животна улога, а богами ужива и главниот јунак во овој нејзин сладок „филм“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button