Реклама
Новости

Шерифовиќ одвај издржа да не заплаче пред публиката – емотивниот говор ги растажи нејзините фанови

Еден од најемотивните настапи во нејзиниот живот

Реклама

Емотивен говор со кој расплака многумина

Пејачката Марија Шерифовиќ пред неколку дена имаше концерт во Подгорица во склоп на нејзината турнеја „Сé за љубов“.

Пејачката во еден момент на сцената одржа емотивен говор со кој расплака многумина во публиката.

Маркетинг

„Имам една молба за вас. Времето во кое што живееме и постоиме навистина е е*ано и неверојатно одвратно. Обидете се да бидете некои добри луѓе, некоја добра девојка, некое добро момче, комшија, шеф, а зошто? Па затоа што овој живот е само еден и сето ова многу брзо ќе помине и подобро е да ве памтат по добро, отколку како некое ѓубре. Јас се обидувам од ден во ден да бидам што подобар пријател и што подобра некоја шефица и што подобра ќерка, сега и што подобра мајка“ изјави Марија, по што следуваше овации од публиката.

Маркетинг
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Таа по громогласниот аплауз даде сé од себе да не заплаче и таа на сцената, па продолжи со своите песни.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Потсетуваме, Марија при крај на минатата година се оствари во улога на мајка и оттогаш речиси не се разделува од својот син.

Таа малиот Марио го доби со помош на сурогат мајка во САД, па сега ужива во мајчинството.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

На социјалните мрежи често споделува фотографии од својот наследник, а сега покажа како ужива во неговата прегратка.

Како Марија се топеше во ова издание, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button