Шармантната водителка од Брза кујна сподели преубава вест – цела МАКЕДОНИЈА нестрпливо чекаше да се случи ова (фото)
Популарното кулинарско шоу кое секојдневно го гледаме на малите екрани почнува со нова сезона.
Водителката на „Брза кујна“ која секој ден ја гледаме на „Сител“, Сања Савеска, објави нова фотографија и покажа дека бројат ситно до почетокот на новата сезона.
Имено целосно променето студиото, а терминот и тимот остануваат исти.
„Одбројуваме до почетокот на новата 7 сезона!!!
Вредно и посветено, со многу забава, се снимаат новите емисии на најзабавното кулинарско шоу Брза Кујна,а многу наскоро започнуваат и нивните емитувања, во својот редовен термин,17.00 часот на најгледаната ТВ СИТЕЛ“ напиша Сања.
Заедно со шеф Мар и шеф Никола тие секојдневно не забавуваат и споделуваат едноставни и брзи рецепти.
Инаку Сања дојде како замена на водителката Александра Илиевска која замина на трудничко и одлично се снајде.
Сања Савевска секое утро со својата насмевка и позитивна енергија ги будеше гледачите на ТВ 24 во утринската програма „Македонија денес“.
Шармантната и симпатична Сања Савеска заедно со готвачите Марк и Никола го освои срцето на публиката на кулинарското шоу „Брза кујна“.
Уште од првиот момент кога се појави во шоуто таа едноставно зрачеше со позитивна енергија, а секој ден таа во различен стајлинг е скоцкана „од глава до петици“.
Сања неодамна славеше и роденден па позираше со торта во рацете, но наместо бројки имаше свеќички со букви, но сепак без никаков комплекс откри колку години полни.
„Годините не значат ништо, тие се само бројка! Важен е мирот, среќата и радоста кои ги носиме во срцата и пријателите со кои ги споделуваме. Но најважно е без оглед на се, низ годините да чекориме храбро и со насмевка. Бидете ми сите живи и здрави и едно огромно благодарам за искрените и убави честитки“ напиша Сања во објавата.
Со ваков совршен тим едвај чекаме да започне новата сезона и да видиме што ни подготвиле.
Фото: Сања Савеска/ Инстаграм
Фото: Сања Савеска/ Инстаграм
Фото: Сања Савеска/ Инстаграм