Чувствителна, сензибилна и емотивна личност – жена Рак
Многу е чувствителна, сензибилна и емотивна личност, но за да се заштити себеси се труди да ги скрие своите чувства.
За да се чувствува среќна, се сокрива во својот свет заграден со високи ѕидови, во кој е тешко да се влезе. Во детството се чувствувала безбедно во родителскиот дом, а подоцна се обидува да создаде свој свет во кој ќе владее спокојство, мир и сигурност.
Жената рак не е премногу ни борбена, ни реална, ни активна, бидејќи стравот од непознатото ја попречува да оди напред и да ги совладува препреките. Таа е задоволна онаква каква што е, и не сака многу да се менува. Тоа бегање од непознатото е потполно разбирливо бидејќи често се судира со непријатности, грижи и неизвесност.
Нејзината чувствителна природа брзо реагира на секаков вид агресивно однесување. Кога ќе се соочи со некој сериозен проблем умее да се претвори во „жена змеј“ која ќе се жртвува до крај.
Умее да „сонува“, но сака и логично да размислува, но на неа многу лесно може да се влијае, па ако тоа не можат да го постигнат оние кои не ѝ се многу блиски, тоа многу лесно ќе им успее на сите оние кои таа ги сака. Љубовта во животот ѝ значи сѐ и таа ѝ е најважна во животот.
Таа бара човек кој ќе ѝ овозможи сигурност и поддршка, но и бескрајна нежност. Таа е многу чувствителна и романтична личност и сонува за бескрајно романтична љубов и страст на две сродни души. Нејзината глад за идеална љубов е тешко да се задоволи, бидејќи постои разлика помеѓу реалноста и убавите соништа, а токму тоа и најмногу ја плаши.