Црниот пантер „уловен” со 23 години помладо момче
Откога почна да се зборува за нивната наводна врска, Наоми Кембел (48) беше и жива „фатена” на вечера со 23-години помладиот пејач Лиам Пејн (25) во Гана, Африка.
Одличен пар се и многу се сакаат. И не само тоа, Лиам се фалеше дека нивниот секс е одличен – изјави изворот близок до парот за британските медиуми.
Наоми, наводно, на Лиам му помага во неговата кариера како модел, и како што велат извори за странските медиуми, познатата манекенка веќе го запознала со многу влијателни имиња од светската модна сцена.
https://www.instagram.com/p/BsgfWj5gDzm/
„Совршенството од жена не ме гледај со тие очи”, искоментирал британскиот пејач и поранешен член на бендот „One Direction“ на моделот Инстаграм и ги збуни фановите кои веднаш мислеа дека нешто се случува помеѓу нив.
Иако беше многу тешко за многумина да веруваат дека овој познат пар би можел да стане нова славна двојка, некои следбеници го мислат спротивното.

Без разлика колкава е разликата во години, мислам дека ќе бидат одличен пар. Вие сте убави и сигурно ќе се согласите – напиша еден следбеник, на Истаграм.
Двојката сè уште официјално не ја потврди љубовна врска, но Лиам е познат дека сака постари жени.

Имено, ова не би било првпат овој млад музичар да биде во сериозна врска со постара партнерка. Пред само половина година Лиам ја прекина врската со пејачката и поранешната сопруга на фудбалерот Ешли Кол, Шерил Кол (35). Заедно го имаат синот Меѓа (1).
https://www.instagram.com/p/BsTdbeWA163/