Реклама
Наши ѕвезди

Цеца по цели три децении би сакала да се врати во нејзиното родно село? Погледнете како изгледа куќата каде се родила пејачката!

Реклама

Во дворот има кози врзани за трактор, а на терасата – свињи.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

На сите им е познато дека познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ по потекло е од село, но малкумина знаат како изгледа нејзината родна куќа..

Пејачката Цеца Ражнатовиќ веќе со години живее со семејството во Белград, а нејзината куќа за малку ќе станеше и туристичка локација.

Маркетинг

Познато е дека нејзините родители Слободан и Мира Величковиќ живеат во Житораџа каде Цеца оди кога и да има слободно време.

Пејачката својата семејна куќа ја има реновирано, така што првата асоцијација денес за нејзиниот дом е луксуз.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Би сакала да заминам на село, но обврските тоа не ми го дозволуваат. Се гушам во смогот во Белград, но трпам..“, призна Цеца во едно од своите последни интервјуа, откривајќи дека повеќе би скала да живее на село.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Цеца на социјалните мрежи одвреме-навреме знае да сподели и по некоја фотографија од нејзината куќа на село.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа повеќе од три децении живее во Белград, но како што самата призна, би била многу посреќна кога повторно би можела да се врати на село.

Куќата на Цеца во Белград (Фото: Принтскрин/ Папарацо лов)

Во последно време, посебно заради епидемијата со коронавирусот, многумина од град се селат на село, а овој тренд е присутен и меѓу бројните познати личности кои градската бучава ја менуваат за мир во природа.

Куќата на Цеца во родното село

Тоа впрочем го направи и синот на Цеца, Вељко, кој реши со својата сопруга и нивниот наследник да живее во Тител.

Вељко и Богдана уживаат во Тител

„Уште како дете сакаше село, бидејќи таквата средина му дава мир. Затоа своето царство во кое ужива го направи далеку од градот. За разлика од Вељко, неговата сестра Анастасија повеќе сака град. Таа нема нито против градот! На големо работи на своите нови проекти“ вели Цеца за „Информер“.

Куќата на Цеца во родното село

„И јас слушам некои нови мелодии, веројатно наскоро ќе почнам и да снимам“, додаде пејачката.

„Жал ми е што немам ниту една песна од Марина, што не ми е снимена. Се што има направено за мене, јас го испеав. Таа беше гениј, дар од Господ. Непогрешлива за се што работеше. Беше дел од моето семејство“.

Базенот во куќата на Цеца во Белград

„Целото нејзино семејство така го доживував. Што вели Ана Николиќ, ќе се зборува за времето со Марина и по Марина“, заврши Цеца.

Анастасија во една од собите во големата куќа во Белград

Екипата на Курир неодамна беше во посета на родното место на Цеца, каде разговараа о со нејзините комшии.

Базенот во куќата на Цеца во Белград

Нејзиниот татко живее во новата куќа, додека мајката е во старата, каде што чуваат добиток и каде има обврски.

Старата куќа на Цеца во Житораџа (Фото: Курир.рс, Н. Анџиќ)

Како што велат комшиите, мајката на Цеца постојано нешто работи иако е учителка во пензија.

Новата куќа во Житораџа (Фото: Принтскрин/ Јутјуб)

Таа таму одгледува добиток, но и постојано прави зимница и нешто за своите ќерки Цеца и Лидија.

Куќата е оградена со висок ѕид и метална капија, но никој не би помислил дека припаѓа на Ражнатовиќ.

Дворот во старата куќа на Цеца во Житораџа (Фото: Курир.рс, Н. Анџиќ)

Новинарите при посетата забележаа кози во дворот, врзани за тракторот, како и две свињи кои спијат на терасата пред куќата.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Инаку Цеца пред две години го реновираше својот дом во селото, па тогаш и се пофали на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

За неа комшиите велат дека секогаш кога ќе дојде во селото е опуштена, ќе облече стара облека и ќе помага околу куќата. Ќе се поздрави со сите и секогаш е насмеана, за разлика од нејзината сестра Лидија која се одвикнала од селото, велат комшиите на Цеца во разговор со новинарите од Курир.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button