Цеца и нејзината сестра Лидија во ова издание нема да ги препознаете – фотографија од младоста, изгледаат како близначки!
Погледнете и како изгледа денес првото момче на Цеца Ражнатовиќ по Аркан…
Најголема поддршка на Цеца Ражнатовиќ и е нејзината сестра Лидија Оцокољиќ и тоа уште од најмала возраст.
За нивната блискост сведочи и една досега невидена фотографија од младоста на овие две дами што деновиве исплива на интернетот.
Фотографии од младоста на најпопуларната пејачка во регионот во последно време често можеме да ги видиме на социјалните мрежи, но фотографии од нејзината сестра од тој период навистина се реткост.
Лидија која денес е атрактивна русокоса, многумина никогаш ја немаат видено во вакво издание.
Цеца и Лидија на оваа фотографија изгледаат како близначки, и двете со ретро фризури и облечени во стилот на 90-тите.
„Најголемиот дар што покрај децата можев да добијам од Господ е сестрата. Мојата Лидија ме поддржува и кога не сум во право, ме штити и ме прави да бидам уште посилна во животните моменти. Насмевки, солзи, среќа, тага и радост, но и се што животот може да го направи со тек на годините, полесно го поминував покрај неа. Ме гушкаше со љубов кога бев тажна, ме тера да се смеам кога не е се баш највесело“, изјави Цеца за својата сестра Лидија во една пригода.
Првото момче на Цеца по Аркан
Инаку, Цеца тешко ја поднесе загубата на својот сакан сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, а тогаш најголема поддршка и беше токму нејзината сестра.
Таа по овој трагичен настан долго време беше сама, а првата врска која што ја обелодени во јавноста и беше со Владимир Цветковиќ, кој тогаш беше манекен.
Медиумите со денови пишуваа за нивната врска, а Цеца и Влада беа заедно шест месеци во 2010 година.
На многумина им делуваше дека приказната ќе потрае, но и двајцата откако се разделија открија дека се „два различни света“.
„Се разделивме заради непремостливи разлики во карактерите, со договор и без грди зборови. Ни се случи она што им се случува и на други парови, така што во нашата разделба нема ништо сензационално. ќе останеме пријатели, а ќе сочувам само убави спомени на времето поминато со Владимир бидејќи поинакви и немаше, изјави тогаш Цеца.
Владимир денес има 43 години и изгледа многу поразлично. Тој се уште е во одлична физичка форма, стана успешен деловен човек во областа на медицината, односно поточно во работа поврзана со трансплантација на коса.
Фото: Инстаграм/ Цецахбејби
Фото: Инстаграм/ Цецахбејби
Фото: Инстаграм/ Цецахбејби
Фото: Инстаграм/ Цецахбејби
Фото: Инстаграм/ Цецахбејби
Фото: Инстаграм/ Цецахбејби
Фото: Инстаграм/ Цецахбејби
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ