Цеца ги маѓепса прилепчани со своето опасно деколте, но со ова „мокро“ женствено издание ги сруши социјалните мрежи
Цеца ги остави прилепчани без здив со своето опасно деколте, но со ова морско издание ги сруши социјалните мрежи
Цеца Ражнатовиќ пред својот настап на 17-тото издание на „Пиво фест“ во Прилеп, беше неколку дена на одмор во својата вила во Грција, а на социјалните мрежи не престанува да се зборува за тоа како познатата пејачка го минуваше времето таму и како изгледа во бикини.
Таа преку својот профил на социјалните мрежи се обрати до својата публика и објави неколку „пикантни“ фотографии со кои покажа колку ужива во морето и сонцето, но и како изгледа во костими за капење.
И додека во Прилеп ги хипнотизираше прилепчани со своето неверојатно деколте, само неколку дена претходно ги воодушеви припадничките на понежниот пол со своето префинето женско издание.
Таа со својот морски стајлинг ги запали социјалните мрежи, а нејзината комбинација која што сите ја коментираат сигурно ќе инспирира многу девојки кои во моментов се на одмор или планираат наскоро да заминат.