Цел свет воодушевен од бикините на познатиот „плус-сајз“ модел
Таа е доказ дека и фино заоблените девојки денес можат да успеат во светот на модата…
Искра Лоренс е модел. Таа е позната по нејзините облини, но и по тоа што не дозволува нејзините фотографии да се разубавуваат и, покрај Ешли Греам, таа е една од најбараните плус-сајз манекенки на денешницата.
Покрај тоа што е модел, Искра и самата дизајнира интересни костими за капење за пополни жени и самата ги рекламира. Таа носи конфекциски број 44 и себеси не се смета за „плус-сајз“ модел, туку само за малку поинаква девојка од останатиот дел во модната индустрија.
Нејзините бикини со воодушевување ги дочекаа жените ширум светот, бидејќи не можат сите да ги носат оние мали бикини кои повеќе откриваат отколку што покриваат.
За многу жени, удобноста и безбедноста па и кога „фураат“ костимот за капење им е далеку поважна од обичното парадирање на плажа, а моделите на Искра токму тоа и го нудат, па затоа и се меѓу најбараните.