По тешката и долга борба со болеста, најпознатиот балкански текстописец ја загуби битката.
Advertisement
Марина Туцаковиќ ја загуби битката по долга и тешка болест на 67-годишна возраст.
Целиот регион тагува, а од неа се простија и многу македонски познати лица со пораки на социјалните мрежи.
Лила Филиповска, Тамара Тодевска, Мелита, Антониа Гиговска, водителката Сања од брза кујна и многу други македонски јавни личности се простија од неа споделувајќи нејзини познати, мудри цитати.
„Немав среќа да ве запознам и низ убава енергија и на мене да ми напишете текст. Оној кој сите ќе го пеат. А тоа ми беше желба. По-чивај во мир“, напиша младата Антониа Гиговска.
Advertisement
Фото/ Инстаграм
Марина напиша бројни хитови со најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија.
Нејзиниот живот го одбележаа бројни среќни, но и болни моменти, како см-ртта на еден од синовите. Беше во брак со Александар Фута Радуловиќ.
Тие двајца го имаат синот Милан, а нивниот втор син Милош ненадејно по-чина во 2008 година.
Таа никогаш не се заздрави од загубата и често зборуваше за него.
Многу српски ѕвезди исто така се простија од неа велејќи дека никогаш нема да ја заборават и дека таа вечно ќе живее низ стиховите кои ги напиша.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .