Наши ѕвезди

Цела фамилија се музичари – баба Блага е горда на своите внуки

Цело семејство се музичари.

Advertisement

Македонската фолк-дива се гордее со своите наследници.

Талентот за музика очигледно се пренесува од колено на колено во семејството на Блага Петреска.

Advertisement
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

Блага со музика започнала да се занимава уште додека била многу мала и е една од малкуте музичари кај нас кои се и музички потковани.

Пред да стане пејачка работела како наставничка по музичко.

Advertisement
ФОТО: Принтскрин

На почетокот на нејзината кариера го запознала својот сопруг, Павел Контраденко – Павка, по потекло Украинец, по професија архитект.

Во 1973 својата љубов ја крунисале со брак, а круна на љубовта им се двете деца, синот Олег и ќерката Оља.

ФОТО: Принтскрин

Во брак биле 10 години, додека cмp-ттa не ги разделила, а Блага никогаш повторно не се омажила.

Нејзината ќерка се одлучи за новинарска професија и замина од Македoнија, додека пак нејзиниот син ја освои публиката како виртуоз на виолина.

ФОТО: Инстаграм / Ана Кондратенко

Олег инаку е оженет со извонредната виолинистка Ана Кондратенко која по потекло е од Русија.

Со музика се занимаваат и нивните две ќерки Леона и Летиција, односно и двете свират виола.

ФОТО: Инстаграм / Ана Кондратенко

И двете се веќе полнолетни, а за нивниот талент допрва ќе се слуша.

Летиција е активна и популарна на Тик Ток, а сега сподели видео со кое уште еднаш потврди дека сите во семејството се извонредни музичари.

За разликa од неа, нејзината сестра не сака јавно да се експонира.

ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

ФОТО: Инстаграм / Летиција Кондратенко

ФОТО: Инстаграм / Ана Кондратенко

ФОТО: Инстаграм / Ана Кондратенко

ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button