Цела естрада во бело во чест на Исадора Бјелица – плачеа и гледаа во небото!

Забава во бело во чест на писателката Исадора Бјелица.
Зорана Павиќ го одржа ветувањето и направи журка во чест на Исадора Бјелица која ја изгуби борбата со тешката боолест.
Во минатото, Исадора Бјелица ја замолила Зорана по нејзината сmрт да организира журка во бело, а пријателката и ја исполни последната желба.
– Ја чувам твојата порака…Пингви, кога ќе заминам…организирај забава во бело…ме знаеш, не сум јас за некоја тага…Го одржав ветувањето… ќе има забава во бело…Кога твојата измалтретирана душа ќе биде на „сигурно“… а ти на нас намигни ни под некој луд шешир…дека се е во ред… и дека повеќе ништо не боли… Неповторлва моја Пингви.. Ангелите сите рани ти ги залечија, напишала на почетокот од август Зорана Павиќ на својот Инстаграм профил, а потоа следеше забава на која присуствуваа пријателите, но и не семејството на покојната писателка.
Зорана одржала емотивен говор.
– Пингви, Иси,Дора. Немој да ни замериш ако нешто не биде како што замислуваше. Јас знам дека ќе се смееш под некој луд шешир, а нема да замериш само поради една причина дека ова вечерва е само љубов. И кој и да не сфати дека љубовта е нешто најважно, тој го пропуштил животот. Бел танц, танц за тебе, а ние ќе се видиме таму горе, рекла Зорана, а пренесе Блиц.рс.