Хрват ги сними ЦЕНИТЕ во продавница во Германија – ќе ви се заврти кога ќе видите колку чинат слатките
Тиктокер ги објави цените на производите во Германија кои мора да се признае дека се драстично пониски од оние овде.
Тиктокерот Андро по потекло од Хрватска објави видео направено во маркет во Германија на кое се гледа дека цените на некои производи се пониски од кај нас.
„Кога луѓето ме прашуваат зошто живеам во Германија“, напиша тој во описот на видеото.
Младиќ објави видео на кое се гледа цената на Нутела, Принглс и Милка. Спомнатите производи биле во продажба во моментот на снимањето, но неверојатно е дека Нутела од 750 грама чини 2,79 евра или околу (5,50 км, 171 денари).
Во Босна 700 грама нутела чини 10,50 км, а во Србија 700 грама нутела кога не е во продажба чини околу 780 динари.
Човекот ја забележал и цената на грицките. Принглс на продажба во продавница во Германија чинат 1,59 евра, односно околу (3 км, 97 денари) Во видеото посебно внимание привлече цената на млечното чоколадо, која е 0,64 евра или околу 1,20 км.
Цената на овие чоколади во Македонија е околу 100 денари, зависно за која чоколада станува збор, но и грамажата.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин