Хатиџе султан која и во вистинскиот живот е принцеза, во потполно непрепознатливо издание – обожавателите шокирани, а богами и ние! (видео)
Оние што ја гледаа серијата „Сулејман Величествениот” сигурно се сеќаваат на султанката Хатиџе, сестрата на турскиот владетел и сопруга на Ибрахим Паша. Неа ја играше актерката Селма Ерчег.
Турско-германската актерка денес има 40 години. Во популарната турска серија во која таа се бореше за љубовта на турскиот паша, доаѓаше во разни конфликти, а меѓу другото и со познатата султанка Хурем, чијшто карактер го толкуваше актерката Мерјем Узерли.
Хатиџе султан во серијата, исто така, имаше недоразбирања и со Махидевран султан (лик кој го толкуваше актерката Нур Фетахоглу), а зад камерите со нејзините противнички од малите екрани е во брилијантен однос.
Селма со Мерјем ја дели врската со Германија од каде што и двете ги влечат своите корени и има многу интересна биографија. Студирала медицина и психологија, учествувала во разни избори за убавина, работела како модел, се занимава со хуманитарна работа, и пред сѐ со глума.
https://www.instagram.com/p/BnJssPgHRsG/
Хатиџе султан е принцеза и во вистинскиот живот
Инаку, турските медиуми неодамна открија дека Селма е принцеза и во вистинскиот живот, односно дека оваа актерка е директен потомок на султанот Мехмет II кој имаше 37 деца со неколку различни жени.
https://www.instagram.com/p/BlVaQRqHgO3/
„Моето семејство е многу гордо на тоа што роднински сме поврзани со султанот Мехмет II. Откако го играм ликот на султанката Хатиџе моите дома ме викаат принцеза иако тоа и не е далеку од вистината“, изјави убавата Селма откако беше откриено нејзиното семејно стебло.
https://www.instagram.com/p/BhMsGjvhq5X/
Таа исто така играше и во многу други познати турски телевизиски серии (играше и во популарната серија Аси), а во меѓувреме ја промени и бојата на косата и сега изгледа потполно непрепознатливо.
Фото: Instagram