ХАОС СРЕДЕ ВЕСЕЛБА: Зорица Брунцлик едвај спасила жива глава на ромска свадба

Зорица Брунцлик доживеала непријатност среде свадба.
Нејзината колешка Гоца Божиновска успеала да ја спаси Зорица Брунцлик од голема непријатност, а можело да се случи и нас илство, а за тоа пејачката не била ни свесна.
Имено, се се случило на една ромска свадба пред 15 години на која пеела Зорица.
Таа тогаш си го одработила се тоа што било договорено, се спакувала и тргнала на авион за Белград и не ни насетувала дека оставила неколку незадоволни гости.
– На таа свадба биле некои гости кои и побарале уште неколку песни на Зорица , но не ги слушнала бидејќи таа го завршила својот блок и си заминала, открива извор близок до пејачката и додава:
– Е сега тие гости не ни знаеле како функционира веселбата на која настапуваат музичките ѕвезди од естрадата, тие мислеле дека и од нив можат да нарачуваат песни како и од другите пејачи, продолжува изворот и додава
– Затоа и ја фатија Зорица за заб, дури и се заканија дека ќе ја ист епаат ако ја сретнат.
– По неколку години, истите тие гости имале своја прослава и тогаш ја најмиле Зорица да им пее. Веројатно од тогаш и сакале да и се одмаздат, меѓутоа во последен момент била ангажирана Гоца Божиновска и на тој начин Зорица била спасена од непријатна ситуација.
Зорица Брунцлик важи за една од најубавите дами во поранешна Југославија, нема да ви се верува како изгледа таа во младоста, нема розева боја на коса.
Погледнете како некогаш изгледала југословенската ѕвезда…
Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш се најпознатиот пар на естрадата, тие уживаат во љубов и благосостојба повеќе од 31 година.
Нивната среќа се гледа и по фотографиите кои постојано ги објабуваат заедно.