Хаос во семејството на Дарко – НЕ се сите пресреќни што неговата свршеничка Марина е бремена, таа не сака ни да слушне за бебето!
Дарко Лазиќ не може да ја сокрие среќата што неговата свршеничка Марина Гагиќ е во блажена состојба, но и што неговата ќерка Лорена конечно ќе добие братче или сестричка. Но не се сите во семејството Лазиќ среќни поради оваа вест!
Имено, како што пренесуваат српските медиуми, на неговата ќерка воопшто не и се допадна тоа што ќе добие братче или сестричка. Како што пренесе српскиот Ало, Лорена тешко ја примила веста дека нема повеќе да биде една на тато, а поранешната сопруга на Дарко, Ана Севиќ, на сите начини се обидува да го убеди девојчето да го прифати тоа.
Откако Ана и Дарко решија да тргнат секој на своја страна, и двајцата брзо најдоа нови партнери и нови врски. Но Дарко од разводот имаше неколку авантури додека не ја најде Марина. Иако е помлада од него речиси десет години, таа е зрела и одговорна девојка, која успеа на еден начин и да го смири Дарко. Само неколку месеци по почетокот на нивната врска, тие почнаа да зборуваат за свадба и деца, вели изворот и појаснува дека и двајцата сакале да станат родители и дека Дарко сега е пресреќен со Марина.
Но не се сите среќни поради оваа вест.
Имено, како што пренесуваат медиумите, Лорена кога слушнала за бебето, цело време само повторувала дека не сака ни братче, ни сестричка, па на нејзината мајка, пејачката Ана Севиќ, и требало долго време за да ја смири.
Дарко и Ана, кога беа заедно …
Девојчето не престана да плаче, се фрлаше на подот, ги расфрлаше играчките и постојано повторуваше дека не сака ни братче ни сестричка. По таа сцена, Ана решила да не ги форсира повеќе приказните за бебето, а психолозите и објасниле дека реакцијата на Лорена нема ништо невообичаено. Децата можат бурно да реагираат на новиот член во семејството, но и дека со тек на време се ќе си дојде на свое место, а Ана се надева дека тоа ќе биде случајот и со Ана. Убедена е дека Лорена ќе го прифати него штом ќе се роди, вели изворот, а пренесе таблоидот Ало.