Реклама
Вести

(ФОТО) ПОЛИЦИЈАТА ГИ БАРА ОВИЕ ЖЕНИ! Романките од видеото кои стојат до малата Данка!?

Реклама

Данка на денот на исчезнувањето носела виолетова тренерка, маслинесто-зелена јакна и црни патики, а косата и била врзана во опавче.

На видеото снимено во Виена од Србин кој живее и работи во австриската престолнина, а на кое се гледа девојче за која постои сомневање дека е Данка Илиќ (2), се гледаат и две жени кои ја придружувале. Австриската полиција покрена истрага, а покрај девојчето трага и по жените од снимката за кои се сомнева дека се романски државјанки.

принтскрин

Имено, во ноќта меѓу саботата и неделата, српската полиција добила мејл од Виена во кој наш државјанин наведува дека видел девојче кое наликува на исчезнатата Данка и ја опишува сцената на која бил сведок. „Околу 20 часот излегов од метро станицата и видов дете како бега и вреска. Прво гледав, а потоа почнав да снимам. Се се случи на една трамвајска станица. Имаше две жени со детето кои разговараа на романски Го викаа детето по некое име, не разбрав што, но девојчето воопшто не одговори“ – изјавил во мејл Србинот од Виена кој потоа испратил видео од детето во полиција во Белград.

Маркетинг

Според извор од истрагата, веднаш била воспоставена соработка меѓу австриската и српската полиција. „Тие веднаш реагираа и одговорија на сите барања кои им беа испратени. Соработката беше постигната, а локалната полиција започна истрага и се надеваат на позитивен исход“, вели изворот.

принтскрин

На видеото се гледа девојка на возраст од Данка во бела и розова јакна со цуцла во устата, а до неа е зелено-сина патничка чанта „Најк“. Данка Илиќ била пријавена за исчезната во вторник на 26 март во 13 часот и 45 минути.

Маркетинг

Според мајката Ивана Илиќ, девојчето исчезнало во моментот кога отишла до автомобилот да му даде вода на својот тригодишен син.

Од тој ден на Данка и се губи секаква трага. Данка на денот на исчезнувањето носеше виолетова тренерка, маслинесто-зелена јакна и црни патики, а косата и беше врзана во опавче“, се сеќава изворот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button